Верстапен би возел заедно со својот татко на „24 часа Ле Ман“


Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен не ја исклучува можноста да учествува во „24-те часа Ле Ман“ во тим со својот татко Јос, кој учествува на два пати во трката и има победа во класата „ЛМП2“. Астон Мартин Валкири, кој е создаден со непосредно учество на Адријан Њуи, ќе учествува во трката во 2021 година, […]

Павел Атман и Сергеј Горпишин го засилуваат Вардар


Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе бидат дел од шампионскиот тим на Вардар, потврдуваат од скопскиот ракометен шампион. Сергеј Горпишин (21) настапува на позицијата пивотмен и доаѓа од бундеслигашот Ерланген каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и […]

Скалони: Мора да го победиме Катар


Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека неговите избраници мораат да остварат триумф над Катар во 3. коло од Копа Америка. Аргентина ноќеска одигра нерешено (1:1) со Парагвај и по освоениот бод се последни во групата со еден нерешен исход и еден пораз во првите две кола. – Решението е во тоа што Аргентина мора […]

Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се повлече од турнирот во Лондон поради повреда на коленото. Ова е официјално потврдено на твитер-профилот на турнирот. Аргентинецот во првиот круг го победи канадскиот тенисер Денис Шаповалов (7:5, 6:4). Неговиот противник требаше да биде Шпанецот Фелисиано Лопез, кој без борба обезбеди учество во четвртфиналето.

Вардар го доведе првото засилување: Во Скопје пристигна анонимус од Летонија


Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат, соопштија од сајтот на „црвено-црните“. Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година. – Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар и ќе бидам […]

Нејмар ги пропушта првите три натпревари во Лигата на шампионите


Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари од новaта сезона во Лигата на шампионите. Бразилецот е казнет од УЕФА поради критиките за судиите по елиминацијата на Пери Сен-Жермен од турнирот минатата сезона. Манчестер Јунајтед тогаш ги отстрани Французите по пенал на самиот крај на натпреварот. Одлуката беше донесена откако ситуацијата беше повторно видена преку системот […]

Лејтон Хјуит доби„вајлд“ карта за Вимблдон


Австралиецот Лејтон Хјуит доби специјална покана за да настапи на Грен слемот во Лондон. Триесет и осумгодишниот ветеран Хјуит ќе настапи во двојки со сонародникот Јордан Томпсон. Мечевите на Вимблдон ќе се играат од 1 до 14 јули. Оваа сезона, Хјуит играше на седум турнири во парови. Од девет меча, тој победи на два. Во […]

Пандев го продолжи договорот со Џенова


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потпишал нов договор со Џенова, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Триесет и петгодишниот Пандев ќе игра уште една сезона за калчолигашот по што ќе ја заврши кариерата. Во сезоната што заврши, македонскиот фудбалер настапи на 28 натпревари за Џенова во сите натпреварувања, постигна четири погодоци и оствари три […]

Мурињо сака да предводи репрезентација, а не клуб


Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо кажа дека негова амбиција е во следниот период да биде селектор, а не тренер на клуб. – Мислам на Светски и на Европски првенства. Долго време имам желба да доживеам таква авантура. Токму сега се гледам во национален тим. Не сакам работа во клуб. Дали е португалскиот тим вистински предизвик […]

Тенисерот Фелисијано Лопез вмешан во местење натпревари


Фелисијано Лопез е осомничен за местење натпревар со неговиот партнер во двојки, Марк Лопез. Според весникот „АС“, двајцата Лопез се осомничени за начинот на игра при поразот на „Вимблдон“ во 2017 година. Тогаш 11-тите во шемата го губат натпреварот од првото коло против Австралијците Џон-Патрик Смит и Мет Рид во четири сета, откако го освоија […]

Федерер со победа ја започна сезоната на трева


Роџер Федерер ја започна со победа својата сезона на трева. Во натпреварот од првиот круг на неговиот омилен турнир во Хале, Швајцарецот го победи Џон Милман со 7:6 (1), 6:3. Деветкратниот шампион во германскиот град го загубил својот претходен натпревар со Милман во четвртиот круг од Ју Ес Опен, но сега делумно се одмазди за […]

Милан блиску до договор со УЕФА да не игра во Лигата на Европа


Милан е блиску до договор со УЕФА, според кој нема да му биде дозволено да учествува во Лигата на Европа следната сезона. Според „Кориере дела Сера“, италијанскиот клуб побарал да биде казнет со цел да има повеќе време да ги задоволи барањата за финансиски ферплеј. Ако двете страни се разберат, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ќе […]

УЕФА без коментар за притворањето на Платини


Европската фудбалска асоцијација одби да даде коментар за притворањето на поранешниот шеф на организацијата Мишел Платини. Денес Французинот беше приведен за да сведочи за корупцијата при изборот на домаќинот на Светското првенство во 2022 година. – До овој момент немаме коментар, објави прес-службата на УЕФА. Во 2015 година, Платини беше суспендиран од фудбалски активности за […]

Сари сака да ги види Икарди и Маркињос во Јувентус


Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, изрази желба во летниот трансфер прозорец клубот да се засили со Мауро Икарди од Интер и Маркињос од ПСЖ. Поголема е веројатноста Икарди да дојде во Јувентус поради одлуката на Интер да го стави играчот на трансфер листата. За ангажирање на Маркињос пречка е неговата висока плата. Тој во […]

Уапсен Мишел Платини


Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во рамки на истрагата за доделување домаќинство за Мундијалот во 2022 година. Француската легенда Платини (63) беше избран на чело на УЕФА во 2007 година, а на функцијата остана до 2015 година. Според светските медиуми, Платини е приведен во вторник наутро во рамки на истрагата со доделување  […]

Горан Пандев и Дејан Илиев тренираат со „Академија Пандев“


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и фудбалер на италијанскиот калчо лигаш Џенова, Горан Пандев, тренираше заедно со голманот на Арсенал, Дејан Илиев со фудбалерите на „Академија Пандев“ на спортскиот комплекс кој го гради Пандев во родната Струмица. Двајцата интернационалци од Струмица по завршувањето на сезоната во Италија и Англија се на одмор во Струмица, но […]

Четири лица повредени при пукотници за време на прославата на шампионската титула на Торонто


Четири лица се повредени од огнено оружје за време на шампионската парада на новиот НБА првак Торонто. Првично беа пријавени две лица со повреди, но подоцна бројот се искачи на четири. Инцидентот се случи за време на прославата на плоштадот „Натан Филипс“ во Торонто, кога непознати лица отвориле оган. Според полицијата, повредените имаат сериозни повреди, […]

Неста нов тренер на Фросиноне


Поранешниот италијански репрезентативец и капитен на Милан, Алесандро Неста е назначен за нов тренер на Фросиноне. Клубот не успеа да го задржи прволигашкиот статус и во следната сезоан ќе настапува во Серија Б. Прес-службата на Фросиноне објави дека со Неста е потпишан договор со двегодишна важност. Четириесет и тригодишниот тренерската кариера ја почна во Мајами […]

УЕФА го скрати списокот, Шкендија ги дозна можните ривали за квалификациите за ЛШ


Тетовска Шкендија утре од 14:30 часот ќе го дознае противникот за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм. Шкеднија во првото квалификациско коло може да се сретне со еден од овие тимови: Судува (Литванија), Номе Калју (Естонија), Арарат […]

Тоти: Конте ќе направеше револуција во Рома, но се откажа


Поранешниот директор на Рома, Франческо Тоти откри дека клубот имал договор со Антонио Конте, но самиот тренер одбил. На крајот, стратегот го презеде Интер. – Со извршниот директор Гвидо Фиенга контактиравме со Конте. На претседателот Палота му се допадна тоа како идеја. Им реков дека само тој сега може да ја трансформира Рома. Се видовме […]