Горан Пандев и Дејан Илиев тренираат со „Академија Пандев“


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и фудбалер на италијанскиот калчо лигаш Џенова, Горан Пандев, тренираше заедно со голманот на Арсенал, Дејан Илиев со фудбалерите на „Академија Пандев“ на спортскиот комплекс кој го гради Пандев во родната Струмица.

Двајцата интернационалци од Струмица по завршувањето на сезоната во Италија и Англија се на одмор во Струмица, но и покрај тоа тренираат и почнаа да се подготвуваат за наредната сезона.