Лејтон Хјуит доби„вајлд“ карта за Вимблдон


Австралиецот Лејтон Хјуит доби специјална покана за да настапи на Грен слемот во Лондон.

Триесет и осумгодишниот ветеран Хјуит ќе настапи во двојки со сонародникот Јордан Томпсон.

Мечевите на Вимблдон ќе се играат од 1 до 14 јули.

Оваа сезона, Хјуит играше на седум турнири во парови. Од девет меча, тој победи на два.

Во сингл тој последен пат играше на Австралија опен во 2016 година.