Уапсен Мишел Платини


Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во рамки на истрагата за доделување домаќинство за Мундијалот во 2022 година.
Француската легенда Платини (63) беше избран на чело на УЕФА во 2007 година, а на функцијата остана до 2015 година.
Според светските медиуми, Платини е приведен во вторник наутро во рамки на истрагата со доделување  Катар да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2020 година.
Истрагата ја води канцеларијата за антикорупција и судската полиција.
Катар во декември 2010 година беше назначен за домаќин на Мундијалот во 2022 година, во процес кој го следеа многу контроверзи.