Бразил во октомври ќе игра со Сенегал и Нигерија


Бразилската фудбалска репрезентација одлучи со кои ривали ќе игра во октомври кога се оставени термини за настап на националните тимови. Според „АФП“, во октомврискиот прозорец за репрезентативни соочувања, Кариоките ќе играат со африканските селекции. На 10 октомври ќе се одигра натпревар со Сенегал, а на 13.против Нигерија. Двата пријателски меча предвидено е да се играат […]

Клоп: Манчестер сити е најдобриот тим на светот


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и оваа сезона смета дека Манчестер сити го има најдобриот на светот. – Не можеме да бидеме најдобриот тим во Европа, затоа што Манчестер сити го има најдобриот состав на светот. Има и други многу добри тимови, па постојано мора да докажувате дека заслужено ќе ве вбројуваат помеѓу нив, изјави […]

Лампард: Со нетрпение чекам да дебитирам како тренер во Лигата на шампионите


Предводникот на Челзи, Франк Лампард ги сподели очекувањата за неговото тренерско деби во Лигата на шампионите. Во првото коло од групната фаза „сините“ од Лондон вечерва на домашен терен ќе се сретнат со Валенсија. Ова е најдоброто клупско натпреварување во светот. Со нетрпение го чекам моето деби како тренер. Сигурен сум дека и играчите кои […]

Меси ја оцени како тешка групата на Барселона во Лигата на шампионите


Капитенот на Барселона, Лионел Меси пред натпреварот од првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, смета дека Каталонците имаат тешка група оваа сезона. – Секоја година во Лигата на шампионите има рамномерен биланс на моќ, иако понекогаш е потешко да се победи. Во принцип, силите на турнирот се распределуваат подеднакво. […]

Клоп: Влијанието на британската клима врз продолжувањето на договорот? Тоа беше германски хумор


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред натпреварот од првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Наполи ги коментираше зборовите на неговиот агент Марк Косицке, кој претходно изјави дека англиската клима може да влијае на преговорите за продолжување на договорот со 52-годишен германски специјалист. – Агентот сакаше да се шегува, па сега ќе […]

Барселона може да биде казнета поради преговорите со Гризман


Барселона може да биде казнета со само 300 евра заради водење преговори со Антоан Гризман, кога тој имаше важечки договор со Атлетико Мадрид. Според „Ел Мундо Депортиво“, таквата казна ја смета судот на кој случајот го пријавил Атлетико. Во исто време, можна е и алтернативна казна – одржување на еден натпревар како домаќин без публика, […]

Грешка на Сити – го платија 65 милиони, а одигра само една минута


Португалскиот десен бек Жоао Кансело кој потпиша за Манчестер сити за 65 милиони евра, во досегашниот тек од сезоната одигра само една минута во дресот на „Граѓаните“. Кансело дојде од Јувентус, клубот во кој од Сити замина Данило. Оваа трампа требаше да значи место за Кансело во почетниот тим, но тренерот Пеп Гвардиола засега поголема […]

Ројс: Ќе бидам среќен ако Меси игра против нас


Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, даде свое мислење околу тоа дали на неговиот тим утревечер во пресметката од Лигата на шампионите ќе му биде полесно или потешко ако во составот на Барселона биде и Лионел Меси. Меси поради повреда ги пропушти сите официјални мечеви, а неизвесно е и дали ќе може да настапи на […]

Светските кошаркарски шампиони се вратија дома


Кошаркарската репрезентација на Шпанија која во неделата на Мундобаскетот во Кина стана светски првак, се врати во родната земја. Експедицијата на „Црвената фурија“ на мадридскиот аеродром „Барахас“ слета околу 18 часот, а прв играч кој излезе од авионот беше капитенот Руди Фернандес, кој го држеше вредниот пехар. До него беа селекторот Серџо Скариоло и претседателот […]

Билетите за Вардар – Порто по цена од 350 и 400 денари


Ракометниот клуб Вардар денеска ги пушти во продажба поединечните билети за следните два домашни натпревара, во ЕХФ Лигата на шампионите против Порто, и потоа во СЕХА Газпром лигата против Нексе. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ (секој работен ден од 10 до 18 часот) и онлајн преку тикет плус (www.ticketplus.mk).   […]

Азар: Во Англија, поразите не ги сфаќаат трагично како во Шпанија


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Еден Азар, кој е член на Реал Мадрид, во пресрет на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, кажа кои се разликите од играњето во Англија и Шпанија. „Не очекував дека шест сезони ќе играм за Челзи, убаво ми беше и затоа останав толку долго, но знаев дека еден […]

Македонец ќе им суди на Динамо Киев и Малме во Лига Европа


 Македонскиот фудбалски судија, Александар Ставрев, ќе ја има честа да биде главен делител на правдата на натпреварот од Лига Европа помеѓу Динамо Киев и Малме, кој се игра в четврток од 18.55 часот на Олимпискиот стадион во главниот град на Украина. Помошници на Ставрев ќе му бидат сонародниците Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека улогата […]

Јувентус може да го купи Иско од Реал Мадрид


Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Калчо Меркато“. Клубот од Торино ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на шпанската репрезентација на крајот на сезоната. Неговата вредност се проценува на 75 милиони евра, но може да се намали. Иско има договор со […]

Несопирливиот Гвинеец Фати може да урне рекорд стар 22 години


  Ансу Фати утре може да испише историја. Шеснаесетгодишникот во саботата даде гол а асистираше и за Френки де Жонг во победата на Барселона над Валенција со 5:2, станувајќи така најмлад играч во историјата на лигата кој во еден натпревар постигнал гол и имал асистенција. Тоа следеше две недели по погодокот што го постигна во […]

(Видео) Роналдо се расплака по прашање за неговиот покоен татко


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо пушти солзи за време на интервјуто за британскиот телевизиски канал ИТВ. Ова се случи по презентирано видео прашање за неговиот покоен татко. – Никогаш не сум го видел ова видео. Простете ми, рече Роналдо. На прашањето поради што се вознемири, Португалецот одговори: – Станав број 1, но тој не го […]

Несреќен пораз за Еурофарм Работник против Спортинг во дебито од Лигата на шампиони


Ракометарите на Еурофарм Работник несреќно го загубија дебитантскиот натпревар во ракометната Лига на шампиони. Во дуел со две различни полувремиња, пред 2.500 гледачи, битолските „фармацевти“ поразени се од португалскиот шампион Спортинг со 30:29, иако по првите 30 минути имаа водство од 16:15. Веднаш по натпреварот, тренерот на гостите Хозе Гимараеш изјави дека очекувал тежок натпревар […]

Рики Рубио е избран за МВП на Светското во кошарка


Рики Рубио ја доби наградата за МВП на СП во 2019 година, што заврши со триумф на Шпанија. Кошаркарот на Феникс Санс постигна 20 поени во последниот натпревар со Аргентина, а во просек имаше 16,4 поени, 6,0 асистенции, 4,6 скока, 1,5 украдени топки и 38,7% успех од поле на целиот турнир. На 28-годишниот Шпанец наградата […]

Аргентина сопрена во финалето, Шпанија нов светски првак


Шпанија одржа вистинска кошаркарска лекција и ја совлада Аргентина со 95-75 (23:14, 20:17; 23:16, 29:28) по што триумфира со светската титула по втор пат во својата историја. Кошаркарите на Серџо Скариоло ја одиграа финалната средба во Пекинг на совршен начин, исполнувајќи го на најдобар начин тактички план на нивниот италијански селектор и заслужено повторно го […]

Трет пораз на одбојкарите на Европското првенство


Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа и третиот на Европско првенство (ЕП), откако попладнево во Љубљана нашата селекција загуби од Русија со 0-3 (15-25, 16-25, 28-30). Актуелниот европски првак беше пресилен за нашата селекција, која пружи вистински отпор само во третиот сет, кој истиот можеа и да го добијат, но по голема борба ,фаворитот […]

Ѓорѓевиќ ја напушта репрезентацијата на Србија


Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, денеска објави дека ја напушта клупата на националниот тим. „Да, така е, јас си заминувам“, соопшти Ѓорѓевиќ на прашање на новинарите по натпреварот против Чешка. Репрезентацијата на Србија денеска ја совлада Чешка во Пекинг со 90-81 и заврши на петтото место на Светското во Кина, а тој […]