Несопирливиот Гвинеец Фати може да урне рекорд стар 22 години

 

Ансу Фати утре може да испише историја. Шеснаесетгодишникот во саботата даде гол а асистираше и за Френки де Жонг во победата на Барселона над Валенција со 5:2, станувајќи така најмлад играч во историјата на лигата кој во еден натпревар постигнал гол и имал асистенција.

Тоа следеше две недели по погодокот што го постигна во ремито со Осасуна 2:2, што му донесе место во книгита за најмлад стрелец во каталонскиот клуб.

Бидејќи Барселона во вторник ќе го посети Дортмунд на отворањето на Лигата на шампиони, играчот од Гвинеја ќе има прилика да стане најмлад стрелец во историјата на Лигата на шампиони на УЕФА. Тој рекорд во моментот го држи петер Офори-Куае, кој во октомври 1997 година на возраст од 17 години и 195 дена за Олимпијакос против Розенберг даде гол.

Фати ќе има 16 години и 322дена кога Барса ќе го почне мечот во Германија.