Серхио Рамос казнет еден милион евра за затајување данок


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е казнет со еден милион евра за затајување данок. Даночната служба на Шпанија смета дека играчот го сокрил приходот добиен од продажба на права на имиџ, пренесува „Марка“. Претходно, Рамос веќе плати 500 илјади евра. Сега фудбалерот ја обжали одлуката без да се изјасни за виновен.

Клоп: Не уживав во играта, но во резултатот да


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по триумфот над Генк во 3. коло од Лигата на шампионите (4:1), истакна дека е задоволен од резултатот, но не и од играта. Тој беше задоволен и од ефикасноста на својот тим. – Имаше добри моменти на натпреварот. Почнавме добро, но потоа почнавме да ја губиме топката во безопасни ситуации. […]

(ВИДЕО) Интер славеше во дербито со Борусија, Барселона едвај ја победи храбрата Славија


Со вечерашните натпревари во Лигата на шампионите ширум Европа беше ставен крај на третото коло од групната фаза во најелитното клупско фудбалско натпреварување. Најголемо внимание привлече дербито на вечерта во Милано каде се соочија Интер и Борусија Дортмунд. Домаќините предводени од Антонио Конте на клупата покажуваат дека сезонава ќе бидат сериозен противник за секоја екипа […]

(ВИДЕО) Челзи го урна Ајакс во Амстердам, пресврт на Лајпциг против Зенит


Фудбалерите на Челзи вечерва на гостински терен успеаја да слават победа против Ајакс со минимални 1:0, додека РБ Лајпциг со пресврт успеа да го совлада руски Зенит во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Младите состави на Ајакс и Челзи ги оправдаа очекувањата на неутралните навивачи во натпревар со голем […]

МЗТ Скопје го доби дербито против Борац во втората АБА-лига


Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го совлада Борац Чачак со 76:69, и сега „штрковите“ се осамени на првото место на табелата во регионалната втора АБА-лига. МЗТ и Борац беа непоразени по три кола, па сега со победата во СЦ „Јане Сандански“ против директниот конкурент, „металците“ сами го држат врвот. По четвртини, резултатот беше 18:11, […]

Најтажната олимписка приказна заврши: Извршена еутаназија врз параолимпијката Верворт


Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката со инвалидски колички на 100 метри, а сребра на 200 метри во 2012 и на 400 метри во Рио 2016 […]

Ракометарите ремизираа со Италија


Со нерешениот резултат од 26:26 против Италија, македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите од ЕХФ неделата во Турција, па сега тимот се враќа дома и ќе се комплетира за пријателските мечеви со Грузија во Скопје, закажани за 25 и 26 октомври. Вчера избраниците на селекторот Данило Брестовац ја победија Турција со 26:23, а со Италијанците […]

Одложеното дерби Барселона – Реал Мадрид презакажано за 18 декември


Натпреварот од 10. коло од шампионатот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи на 18 декември, според официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на земјата. Времето за почеток на средбата сè уште не е објавено. Tаква одлука донесе Комитет за натпреварување, анализирајќи ги предлозите на двата клуба, при тоа разгледувајќи го и извештајот […]

Македонската футсал репрезентација се соочува со проблеми поради повреди на Даниел и Петровиќ


Македонската футсал репрезентација утре ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2020 година. Селекторот Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на влијателните играчи Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ, но вели дека нема да се откажеме од борба за втората позиција во групата. – За натпреварите од турнирот […]

Почетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изрази задоволство по убедливиот триумф (5:0) над Црвена ѕвезда во натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите. Тој смета дека овој резултат ќе му ја врати самодовербата на тимот која беше разнишана во последно време. – Резултатот беше важен од две причини: да се врати самодовербата на тимот и […]

Ристо Вуков потпиша договор со италијанската екипа ГДЛ Рејсинг


Последната трка од годинешниот шампионат во Порше Карера Куп Италија, беше можност нашиот најперспективен возач Ристо Вуков Рико да се запознае со новиот тим, во кој планира да ја продолжи кариерата, на многу повисоко ниво од досегашното. „Ова е сосема ново искуство за мене, организацијата на натпреварувањето е застрашувачка, се разбира позитивно. Се сретнав со […]

Беровските пингпонгари нижат успеси


Беровските пингпонгари продолжуваат со одличните успеси на големите натпреварувања. На силниот Меѓународен турнир кој неодамна се одржа во Куманово, Пингпонгарскиот клуб Берово освои три медали, што беше причината за најдобрите од екипата, денеска да биде организиран прием од страна на градоначалникот Ѕвонко Пекевски. Како што информираше, Јован Ковачовски, претседател на ППК „Берово“ последните успеси екипата […]

Се појавија фотографии од венчавката на Надал


Рафаел Надал и Марија Франциска Перељко ја крунисаа 14-годишната врска со брак, а за венчавката не престанува да се зборува. Сите детали беа држени во максимална тајност, а дури беше поставен специјален шатор за да се оневозможи снимање од воздух. Сега конечно светот доби можност да види како изгледаа младенците. Нивните фотографи се појавија на […]

Зидан: Сакам доживотно да останам во Реал


Реал Мадрид се наоѓа во мини-криза, но тоа воопшто не го загрижува тренерот Зинедин Зидан. Французинот беше критикуван за лошиот настап против Мајорка во текот на викендот, како и за лошиот настап на првите два натпревари во Лигата на шампионите, откако белиот тим си замина со само еден бод. Утре, рекордерот по трофеи гостува на […]

Подготвени сме да умреме за Зидан, тврди Рамос


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше многу јасен дека сите во тимот го поддржуваат тренерот Зинедин Зидан. „Белите“ имаат само 1 бод по своите први два натпревари во Лигата на шампионите, а во вторник гостуваат кај Галатасарај и нивното поминување во следната фаза е под знак прашалник. – Целата соблекувална е подготвена да умре […]

УЕФА ја казни Србија за расизам


УЕФА ја казни Србија својот следен натпревар дома да го одигра без публика заради манифестациите на расизам за време на Европскиот квалификациски дуел против Португалија (2:4) на 7 септември. Дуелот на Србија против Луксембург на 14 ноември ќе се игра пред празни трибини, а кон санкцијата има и глоба од 33.500 евра, како и еден […]

Тепачка на фудбалски натпревар, тројца фудбалери завршиле во болница


На 20.10.2019 во 15.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.К., делегат на фудбалскиот натпревар на игралиштето кај „Цементара“ помеѓу екипите на ФК Кул Здравје од Скопје и ФК Илинден од Скопје, пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што […]

Роналдо: Со Сари играме понапаѓачки фудбал


Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека играта на тимот е подобрена со доаѓањето на Маурисио Сари. – Тимот е посигурен во своите способности. Играме многу повеќе со топката сега. Нашата игра се смени на подобро и ние продолжуваме да се надградуваме секоја недела, рече Роналдо. Јувентус утре игра со Локомотив Москва во ЛШ и […]

Иницијативниот одбор за промени во МОК побара Тупурковски да закаже Вонредно собрание


Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, на денешната прес конференција го повика претседателот Васил Тупурковски да свика Вонредно собрание на кое ќе се разгледуваат барањата за промени во функционирање на организацијата. – Имам сериозна задача во име на Иницијативниот одбор д аја информирам јавноста за нашите барања. Според олимписката повелба, во […]

Гала-свадба во Мајорка: Надал и Циска ја крунисаа 14 годишната врска со брак 


Шпанија- Рафаел Надал (33) е последниот од големата светска тениска четворка што заплива во брачни води. Шпанскиот тенисер и Марија Франческа Циска (31) го кажаа судбоносното „да“ на гала свадбена веселба што се одржа на тврдината „Форталеза“ на Мајорка. На крунисирање на 14 годишната љубовна врска присуствуваа 500 гости, а церемонијата мина во строги мерки […]