Бундеслигата со посебни мерки за заштита на судиите


Германија– Пред продолжување на натпреварите во Германското фудбалско првенство, раководството на лигата донесе неколку мерки со цел заштите на судиите.

Нема да важат географските ограничувања, што значи дека судиите ќе можат да опслужуваат натпревари на екипи од нивните региони.

Одлучено е да се минимизира времето за патување и секој од судиите да дојде на натпреварот до стадионот во неговиот автомобил. Нема да има прошетки во градот во пресрет на натпреварите и престој во хотели. Трето, ќе остане годишната основна плата – од 60 илјади до 80 илјади евра, а надоместокот за секоја натпревар да варира од 1250 до 5000 евра.

Сите судии ќе треба редовно да прават тестови за коронавирус, пред секој натпревар.

Контролорите што ја оценуваат работата на судијата ќе работат од дома и ќе ги подготват своите извештаи врз основа на она што го виделе на телевизија.

Во ВАР центарот во Келн, ќе бидат поставени прегради од плексиглас помеѓу видео судиите и нивните асистенти. Покрај тоа, сите треба да носат маски.

Најверојатно, натпреварите во Бундеслигата ќе продолжат во првата декада од мај.