Зидан: Честопати забораваме дека Родриго и Винисиус имаат 18 години


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Осасуна во 6. коло од Шпанското првенство (2-0), ја истакна играта на талентираните Винисиус и Родриго. Вториот постигна гол само една минута по влегувањето на теренот. – Задоволен сум од Винисиус и Родриго. Често забораваме дека тие имаат само 18 години. Задоволен сум од двајцата. Ми […]

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка


Параглајдинг клубот „Љуботен“ од Тетово од денес до недела е домаќин на меѓународен параглајдинг натпревар. Натпреварувачите доаѓаат од осум земји, а ќе се лета во категорија ФАИ2 во дисциплина прелети. Ќе се полетува од месноста Репетитори на Попова Шапка. -Напреварувачките денови ќе зависат од метереолошките услови, а доколку се добри условите брифингот за старт ќе […]

Трајковски одигра половина час во поразот на Мајорка од Атлетико Мадрид


Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Мајорка со 2:0 во меч од шпанската фудбалска лига. Стрелци на головите беа Диего Коста и Жоао Феликс. Со новите три бода, „јорганџиите“ привремено се искачија на првото место на табелата во шпанската лига. Единствената лоша вест за тимот на тренерот Симеоне е исклучувањето на Алваро Мората, па напаѓачот […]

Чупиќ од Вардар избран за најдобар играч на колото во ЛШ


Десното крило на Вардар, Хрватот Иван Чупиќ, е најкорисен поединец во 2. коло на ракометната Лига на шампиони. Европската ракометна федерација, ЕХФ, претходно го смести Чупиќ и во идеалниот тим на колото, во кое Вардар во „Јане Сандански“ го победи Порто, а Чупиќ постигна седум гола. Изборот на МВП на колото го прават навивачите со […]

УЕФА ќе засади 600.000 дрвjа во 12 држави


Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, објави дека планира спроведување акција за засадување на 600 илјади дрвjа во 12-те држави кои ќе бидат домаќини на Европското првенство следната година. Организацијата предводена од Словенецот Александер Чеферин, на ваков начин сака да се обиде да ја намали емисијата на јаглерод диоксид при патувањата на навивачите во земјите каде ќе […]

Вардар се врати од минус два против Шкендија


Вардар и Шкендија одиграа одличен меч во првиот дел од осминафиналната пресметка во Купот на Македонија. Актуелниот шампион водеше со 2-0 на полувреме, но на крајот мораше да биде и среќен што мечот заврши без победник, бидејќи малку недостигаше вардарци да направат комплетен пресврт. Лидерот на првенствената табела, Вардар капитулираше уште во 8. минута, кога […]

Де Роси изненадувачки повикан во италијанската репрезентација


Фудбалерот на Бока јуниорс, ветеранот Даниеле Де Роси, доби изненадувачки повик за настап во италијанскиот национален тим, за претстојните средби со Грција и Лихтенштајн, од квалификациите за ЕП 2020. Во аргентинскиот клуб за кој настапува Де Роси, се непријатно изненадени, воопшто не очекуваа дека може да се случи вакво нешто. На 1 и 22 октомври, […]

Барса и Реал ќе играат „Ел Класико“ во необичен термин


Претстојното најголемо дерби во шпанскиот, а можеби и во светскиот фудбал, помеѓу Барселона и Реал Мадрид, на 26 октомври, ќе се игра во 13 часот. Ова е првпат „Ел Класико“ на стадионот „Камп Ноу“ да се игра во овој термин кој воопшто не е популарен кај навивачите во Шпанија, но погоден е за фановите во […]

Реал без петмина стандардни на дуелот со Осасуна


Познат е составот на Реал Мадрид за натпреварот од 6. коло од Шпанското првенство против Осасуна, е објавено на официјалниот Твитер на „кралскиот клуб“. Зидан помеѓу 19-те не ги вброи дефанзивците Ферлан Менди и Марсело, играчите од средниот ред Иско и Лука Модриќ, како и офанзивецот Герет Бејл. Натпреварот Реал – Осасуна се игра вечер […]

Пике застана во одбрана на Валверде


Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике истакна дека не секој тренер може да освои исто толку титули во само две сезони, како што тоа го има направено предводникот на каталонскиот тим Ернесто Валверде. Неколку тренери освоија две титули и еден куп во првите две сезони. Тој е сериозно критикуван за испаѓање во плеј-офот во Лигата на […]

Дерби во Скопје: Вардар и Шкендија во битка за Купот уште во осминафиналето


Немилосрдната ждрепка ги спои Вардар и Шкендија уште во осминафиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија, па скопската Арена денеска ќе биде поприште на првиот нивен дуел. Не само прв во двомечот од Купот, туку и прв сезонава, имајќи предвид дека „црвено-црните“ од Скопје и „црвено-црните“ од Тетово досега не се сретнаа во воведните седум […]

Најреномираното регионално еСпорт натпреварување – Good Game доаѓа во Скопје


Македонската престолнина Скопје прв пат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б eСпорт настан – Good Game кој ќе се оддржи под покровителство на Samsung. После Загреб, Белград, Љубљана, Берлин и Скопје на 24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game (https://good.game/skopje), Б2Б натпреварување каде […]

УЕФА ќе формира агенција против местење натпревари


Франција– Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок ја објави намерата на организацијата да создаде европска агенција против договорени натпревари. Пред неговото создавање, ќе се изврши економска проценка на изводливоста. Покрај тоа, на членовите на извршниот комитет им беше претставен стратешки план за борба против пиратството, кој има за цел да ги заштити правата на радиодифузерите. […]

Каде ќе се играат финалињата на ЛШ во 2021, 2022 и 2023 ?


Словенија – УЕФА официјално ги објави градовите домаќини на финалните изданија од Лигата за шампионите од 2021 до 2023 година. Во 2020, град домаќин на финалето е Истанбул, на стадионот „Ататурк“. На состанокот во Љубљана, решено е финалниот меч во 2021 годинја да биде Санкт Петербург, на стадионот на Зенит. Русија вторпат ќе биде домаќин […]

Нејмар остана во ПСЖ по убедувањето од Мбапе и Верати


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар минатото лето можеше да го напушти францускиот клуб. Барселона и Реал беа активно заинтересирани за 27-годишниот Бразилец, кој цело лето преговараше за можен трансфер со француската страна. Сепак, Нејмар реши да остане во ПСG по убедувањето од соиграчите. Најмногу ревност во честите разговори покажаа играчот од средниот ред Марко Верати […]

Чави: Системот во Катар функционира подобро отколку во Шпанија


Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, а сега тренер на Ал-Сад, Чави, призна дека се чувствува поудобно во Катар отколку дома. Во Шпанија ќе се одржат избор по четврти пат за четири години. – Сега не живеам во демократска земја, но мислам дека системот функционира подобро отколку во Шпанија. Четврти избори? Го сакам најдоброто […]

Виз Ер Скопски маратон за прв пат квалификациски за СП


Трката на Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 10 мај 2020 година за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на „Abbott World Marathon Majors“. – Виз Ер Скопски маратон стана партнер со „Abbott World Marathon Majors“. Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат […]

Меси му даде глас на Роналдо, Кристијано не го вклучи Аргентинецот во првите тројца


Деталите за гласањето за најдобриот играч на ФИФА станаа познати. Победник беше играчот на Барселона, Лионел Меси. Неговите три гласа отидоа кај: 1.Садио Мане 2.Кристијано Роналдо 3.Френки де Јонг. Кристијано Роналдо на прво место го стави дефанзивецот на Јувентус, Метју де Лихт и не му даде глас на Меси: 1.Метју де Лихт 2.Френк де Jонг […]

Јирген Клоп е тренер на годината


Италија– Германецот Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер на годината во изборот на ФИФА. Стручњакот кој на Ливерпул му донесе европска титула, и за малку не ја освои титулата во Премиерлигата, очекувано доби најмногу гласови, и ја доби наградата на гала-церемонијата во миланската Скала. На церемонијата беше прогласен и најубавиот гол во годината. Наградата […]

Лионел Меси шести пат е фудбалер на годината


Италија – Аргентинецот Лионел Меси после четири години пауза, повторно е избран за фудбалер на годината, според изборот на Светската фудбалска федерација, ФИФА. Кристијано Роналдо не дојде на гала-церемонијата во Милано, тоа беше најава дека тој не е победник, па остана дилемата дали е Вирџил Ван Дајк или Меси. Во гласањето учествуваа капитените на репрезентациите од целиот […]