Проект Рестарт – Англичаните одредија датум за продолжување на фудбалската сезона


Англиските фудбалски прволигаши се надеваат дека ќе може да ја продолжат сезоната на 8 јуни и да ја завршат во јули, пренесе Би-би-си.

Премиер лигата оваа недела го почна Проектот Рестарт според кој клубовите ќе може да се вратат на тренинг на 18 мај, што ќе овозможи продолжување на натпреварите дваесетина дена подоцна.

Во петок ќе се одржи состанок на сите клубови на кој ќе се расправа за условите за враќање на првенството прекинато на 13 март заради пандемијата од корона вирус.

На состанокот ќе се одлучи на кои стадиони ќе може да се играат преостанатите 92 натпревари до крајот на сезоната иако се очекува да нема гледачи на трибините, па натпреварите бесплатно ќе се пренесуваат.

Сепак, последниот збор го има владата на Велика Британија која донесе пет мерки кои мора да се исполнат од кои една е зголемено тестирање на корона вирус.

Пред прекинот на сезоната, лидер на Премиер лигата беше Ливерпул со 25 поени повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

Со оглед на тоа дека „граѓаните“ се сусбендирани од Европа, на преостанатоте позициикои водат во Лигата на шампионите беа Лестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтес, пред Вулверхемптон, Шефилд Јунајтед, Тотенхем и Арсенал.

Во зоната за испаѓање се Норич, Астон Вила и Борнмут кои има ист број бодови како Вотфорд и Вестхем, кои се над линијата.