Мрачна прогноза за Премиер лигата од Гери Невил


Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил изјави дека се сомнева дека сезоната во Премиер лигата ќе заврши поради пандемијата од коронавирус.

– Се чини како да сум во паралелен универзум. Неодамна имав состаноци во хотелскиот бизнис и ни беше кажано дека луѓето нема да можат да седат во ресторани поблиску од два метра и капацитетот ќе треба да се намали за 50 отсто. Велите играчита повторно ќе играат фудбал, ќе се борат во воздух едни со други и мислите:

„Чекај малку, јас штотуку присуствував на состанок на кој тие рекоа дека луѓето не треба да бидат поставени поблизу од два метри едни до други“. Тоа нема да успее. Пред еден или два месеца мислев дека сезоната ќе продолжи и ќе можеме да играме без гледачи, но сега навистина, навистина се сомневам во тоа, изјави Невил, цитиран од англиските медиуми.