Ѓоковиќ од карантинот во Шпанија: Имам дилеми за вакцината за Ковид-19


Шпанија- Тенискиот ас број 1 Новак Ѓоковиќ (32)  вели дека би бил против вакцината за Ковид-19.

-Лично, јас сум против вакцината и не би сакал некој да биде присилен да ја прими за да може да патува , изјави Ѓоковиќ за Ројтерс. Тенискиот ас е во карантин во Шпанија.

„Но, ако станува задолжително, што ќе се случи? Ќе морам да донесам одлука. Имам свое размислувања за тоа прашање и дали тие ќе се променат во одреден момент, не знам “.

Сè уште не постои вакцина против коронавирус и многумина во рамките на медицинската заедница јавно соопштија дека вакцината веројатно нема да биде готова до следната година.

Големите тениски управни тела ги прекинаа сите турнири до 13 јули..

Во меѓувреме, вчера беше објавено дека Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал ги здружија силите за да работат со АТП  за да формираат фонд за помош на пониско рангираните играчи кои имаат финансиски тешкотии поради пандемијата на коронавирус.

Ѓоковиќ  во својата кариера има освоено 17 гренд слем титули, вклучувајќи го и Австралискиот опен претходно оваа година.