Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет


Домаќинот Египет славеше над Чиле со 35:29 (18:11) во премиерниот натпревар на Светското првенство во ракомет, што вечерва официјално започна во Каиро. Египет го контролираше резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање. Во вториот натпревар во Г-групата, македонската репрезентација утре од 20:30 часот ќе игра […]

Кинеските газди го продаваат Интер на англиски инвестициски фонд


Италија– Интер најдоцна до крајот на оваа сезона ќе има нов сопственик, откако соочена со големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) веќе почна преговори за продажба на италијанскиот прволигаш. Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, „Сунинг“ е во напредна фаза на преговори со англискиот инвестициски фонд „БиСиЦ Партнерс(BC Partners)“ […]

Синот на Петар Наумовски потпиша за МЗТ Скопје


Шампионот МЗТ Скопје Аеродром потпиша денеска договор со талентираниот Михаил Наумовски, син на еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Петар Наумовски. Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда. – Ќе дадам сè од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство […]

САД го откажаа настапот на Светско ракометно првенство


Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на Светското првенство во ракомет. Причината е голем број играчи со позитивни тестови за коронавирус. Мундијалот ќе почне денес и ќе трае до 31 јануари во Египет. Американскиот тим ќе биде заменет со репрезентацијата на Швајцарија, која заврши на 16. место на Европското првенство. Швајцарците ќе играат […]

РФМ: Целосно сме подготвени за настап на ракометниот Мундијал


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за поканата македонската репрезентација да настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет. Во дописот до ИХФ потпишан од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се истакнува дека македонскиот национален тим е „целосно подготвен“ за настап на „ракометниот спектакл“. – Во име на РФМ и во мое […]

ИХФ: Сите играчи се негативни на Ковид-19 – ќе играме на СП


 Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва потврди дека македонската репрезентација ќе настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет, откако претходно денеска Чешка го откажа настапот поради коронавирус во своите редови. – Како последица на неколку позитивни резултати по задолжителното тестирање за Ковид-19 пред заминувањето за Египет, репрезентацијата на Чешка официјално го откажа својот настап на […]

Македонија оди на СП во ракомет, Чешка се откажа


Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет, што стартува утре, откако репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот. Чесите не се во можност да имаат конкурентна репрезентација на Мундијалот па затоа денеска одлучија да не патуваат за Египет. Во нивниот состав има […]

Меси прогласен за најдобар плејмејкер на деценијата од страна на ИФФХС


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер во последните 10 години од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС). Второто место го зазеде поранешниот играч за врска на Каталонците Андрес Иниеста, а најдобрите три ги затвори играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Топ 10 плејмејкери на […]

Анкета: Мнозинството Јапонци се против летово да се одржат ОИ во Токио


Огромно мнозинство од Јапонците сметаат дека Олимписките игри (ОИ), што лани беа презакажани за ова лето, треба да се откажат или повторно да се одложат покажуваат денеска објавените резултати од две одвоени анкети, спроведени од јапонската телевизиска мрежа ТБЦ и јапонската новинска агенција Кјодо. Од вкупно 1.261 анкетирани во истражувањето на TБЦ, дури 81 отсто […]

Нови 36 заразени со корона вирус минатата недела во Премиерлигата


Вкупно 36 лица се позитивни на КОВИД-19 во двата круга тестирања спроведени во текот на минатата недела, соопшти денеска Премиерлигата. Досега се регистрирани вкупно 207 заразени со коронавирус од почетокот на сезоната во англискиот шампионат. Премиерлигата, која сега спроведува тестирања за Ковид -19 два пати неделно, не ги објави имињата на новозаразените, наведувајќи дека сите ќе останат […]

Реал нема да се врати во Мадрид поради снежните врнежи и веднаш ќе лета за Малага на натпреварот од Суперкупот


Експедицијата на Реал нема да може да се врати во Мадрид во скоро време поради обилните снежни врнежи во Шпанија. Како што објави „Ас“, клубот е известен дека не е можно враќање на играчите во главниот град со авион. „Кралевите“ остануваат во Памплона по саботниот натпревар против Осасуна (0:0) во рамките на 18. коло во […]

Светското првенство во ракомет во Египет, сепак, без публика


Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари, сепак ќе остане без публика. Иако организаторите најавија дека ќе ги отворат вратите на салите за одреден број гледачи, тие ја сменија својата одлука само неколку дена пред почетокот на натпреварите. Според првичниот план, салите требаше да бидат исполнети со […]

Италијанката Гоџа победи на спустот во Сент Антон


Италијанската скијачка Софија Гоџа во доминантен стил триумфираше на третиот спуст сезонава во Светскиот куп што денеска се возеше во австрискиот зимски центар Сент Антон. Гоџа стигна до својата деветта победа во кариерата со предност од 0,96 стотинки пред второпласираната Тамара Типлер од Австрија и 1,04 секунди пред Американката Бризи Џонсон. Италијанката со денешниот триумф се зацврсти на врвот во поредокот […]

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден


 Францускиот скијач Алексис Пинтуро ја забележа третата велеслаломска победа во низа сезонава во Светскиот куп, откако триумфираше попладнево на патеката во Аделбоден. Второто место го освои Хрватот Филип Зубчиќ, кој заостана 1,26 секунди зад Пинтуро, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меилард со заостанување од 1.65 секунди. Пинтуро со својата 33 победа во кариерата, а 17 […]

Клоп: Ливерпул победи два од последните шест натпревари – ова не се наши стандарди


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази разочарување од учинок на тимот во последниот период. – Не го очекувавме ова и не ни се допаѓа, но таквите работи е тешко да се избегнат. Ми се чини дека освоивме само два натпревара од последните шест. Се разбира, тоа не се стандардите што ги очекуваме од нас самите, […]

Сет Кари за време на натпревар дозна дека е заразен со коронавирус


Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, дознал за позитивен тест за коронавирус за време на натпреварот против Бруклин (109:122) одигран ноќеска во Њујорк, објави новинарот на телевизискиот канал „ЕСПН“ Адријан Војнаровски. Првата четвртина Кари ја помина на клупата, по што мораше итно да ја напушти арената и да замине во самоизолација. Во меѓувреме, за заразени со […]

Реал покажа како тече реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ (видео)


Шпанија– Реал Мадрид преку социјални мрежи покажа како се одвива реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во тек се градежните работи во арената, која е покриена со снег. Ќе се инсталира нов современ терен, ќе се заменат столчињата и ќе се извршат други работи за модернизација. Целата работа се очекува да заврши во 2022 година. Од следната […]

Озил потпиша за Фенербахче?


Турција– Месут Озил сепак ќе остане во Европа, не оди за Америка. Заборавената ѕвезда на Арсенал е на пат кон Истанбул, а наводно веќе ставил потпис на три и полгодишен договор со Фенербахче. Тренерот на турскиот гигант, Ерол Булут, истакна дека во наредните денови ќе се знат сите детали околу иднината на Озил, но во […]

Зидан во карантин


  Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан е во карантин, по контакт со заразен со корона вирус, соопштија денеска извори блиски до шпанскиот фудбалски клуб. „Тој е во изолација“, велат истите извори за агенцијата „Франс прес“, и додаваат дека Реал Мадрид чека резултати од тестот за да се утврди точната зџдравствена состојба на Зидан. Шпанските […]

Симеоне може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина


Аргентинската фудбалска федерација размислува да го покани Диего Симеоне на функцијата селектор на националниот тим, пренесува „Ел Чирингито“. Договорот на 50-годишникот со Атлетико е потпишан до крајот на сезоната 2021/22. Симеоне го предводи Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Под негово водство, тимот ја освои шампионската титула, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати Лигата на […]