Српските олимпијци добија приоритетен пристап до вакцина против коронавирус 


Србија– Српските спортисти и членови на нивните стручни штабови, кои веќе обезбедија настап на Летните Олимписки игри во Токио, како и оние кои се пред пласман, ќе имаат приоритетен пристап до вакцината против Ковид-19.

Одлуката вечерва ја соопшти Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), по видео-конференциската средба на која учествуваа претставници на националните спортските федерации и околу 200 спортисти.

-Имунизацијата на спортистите ќе биде многу важен чекор кон заштита на целокупното население во Србија, што секако е приоритетна цел на сите нас. На овој начин спортистите ќе стекнат имунитет и нема да бидат преносители на овој исклучително заразен вирус, што е многу важно и општествено одговорно“, соопшти ОКС.