Реал остана со 12 фудбалери за мечот со Хуеска


Актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид се соочува со големи кадровски проблеми пред денешниот натпревар против Хуеска, во рамки на 22 кого во Ла Лига.

Тренерот Зинедин Зидан на располагање за гостувањето против последнопласираниот им во Лигата има само 12 фудбалери, откако поради разни причини во составот на „кралскиот клуб“ ќе недостасуваат Дани Карвахал, Серхио Рамос, Лукас Васкез, Федерико Валверде, Еден Азар, Иско, Едер Милитао и Родриго Гоеш.

Проблемите околу составот го принудија Зидан за денешниот меч од 16:15 часот да повика двајца фудбалери од младинската екипа – Виктор Чуст и Марвин Парк.

Реал во моментов е четвртопласиран во шпанското првенство со 40 бодови десет помалку од градскиот ривал Атлетико Мадрид на чело на табелата.