Почина легендарниот боксер Леон Спинкс (видео)


Легендарниот американски боксер Леон Спинкс ја загуби најголемата битка во животот – имаше 67 години, и почина мирно во својот дом, пишува Фајт Сајт. Тој се бореше со рак на простата од летото 2019 година.

Постариот од подеднакво успешните браќа Спинкс, својата слава започна да ја гради во неговите аматерски денови, освојувајќи бронза во светското првенство во 1974 година, сребро на Панамериканските игри една година подоцна и злато на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, сите во тешка категорија. На истите игри, неговиот брат Мајкл освои злато во средната категорија. Мајкл подоцна стана и успешен професионален и светски шампион во полутешка категорија и тешка категорија.

Леон премина во проесионални води веднаш по Монтреал, станувајќи тешкаш и по одличната 1977 година, на почетокот на 1978 година доби можност да нападне три светски титули и нивниот сопственик, најголемиот на сите времиња, Мухамед Али. По борбата во 15 рунди, Спинкс славеше со поделена одлука на судиите и се искачи на светскиот трон. Седум месеци подоцна, тие повторно боксуваа, а Али ја врати титулата со едногласна одлука на судиите.

За жал, „Неон“, иако беше на самиот почеток на неговата професионална кариера, тој никогаш не успеа да се врати на тоа ниво. Во 1981 година имаше нов напад на титулата, но тогаш од него беше подобар од Лери Холмс, по што започна неговиот голем пад. Најлошо беше од 1986 до 1989 година, кога славеше на само еден од деветте борби. Првиот од нив беше за светската титула во категоријата „cruiser”. Потоа направи пауза, за да се врати во 1991 година, но повторно беше далеку од високо ниво. Во 1995 година се пензионираше со прилично незавиден однос 26-17-1, што всушност го затсскрива фактот за каков одличен боксер станува збор.

Леон е татко на Кори Спинкс, денес пензиониран поранешен светски шампион во велтер  и во полусредна категорија. Заедно со неговиот брат Мајкл, тој е член на Куќата на славните во Невада, но се очекува да биде вклучен и во меѓународната, чиј член е веќе Мајкл.