Гвардиола и Анчелоти дел од аферата „Пандора документи“


Меѓународен конзорциум новинари го објави досието „Пандора“, истрага за можна вмешаност на светски лидери и познати личности во офшор шеми. Меѓу нив има луѓе од светот на фудбалот. Во документите се споменува тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Според „„Ел Паис“, каталонскиот тренер во Шпанија не го пријавил […]

Нада Топчагиќ на 40. роденден на Златан Ибрахимовиќ во Милано


Италија – Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави својот 40. роденден, во еден хотел во Милано, а специјалното изненадување беше една од најпопуларните фолк-пејачки на Балканот – Нада Топчагиќ. Пејачката беше задолжена да ги забавува гостите, а меѓу другите ја изведе и нејзината песна „Јутро је“, која го придружува Ибрахимовиќ во неговата кариера. Златан оваа песна […]

Барди поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Лихтенштајн и Германија


Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за подготовките и натпреварите против Лихтенштајн (8 октомври) и Германија (11 октомври) од квалификациите за Светското првенство 2023. Фудбалерот на шпански Леванте сЕ уште не е залечен од повредата на заден бутен мускул здобиена на последниот репрезентативен […]

Клоп: Одбивањето вакцина е како да возите пијан


Англија– Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул, Јирген Клоп (54), изјави денеска дека одбивањето да се прими вакцина против коронавирус е слично на возење автомобил во алкохолизирана состојба, бидејќи претставува загрозување на здравјето на другите. Говорејќи околу вакцинацијата, германскиот тренер рече оти не разбира како вакцината против коронавирус во очите на антиваксерите може да се гледа како „ограничување на слободата“, наведувајќи дека 99 […]

Бахреинката Гезахење го собори светскиот рекорд на 10 километри


Бахреинската атлетичарка Калкидан Гезахење постави нов светски рекорд во уличната трка на 10 километри, триумфирајќи денеска на патеката во Женева со време од 29:38 минути. Нејзиното време е за пет секунди побрзо од рекордот што во 2017 година го постави денешната победничка на маратонот во Лондон, Кенијката Џојслин Џепскогеи (29:43). Триесетгодишната Гезахење на Олимписките игри […]

Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди


Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција со време на нови државни рекорди минаа први низ целта на Скопскиот маратон што денеска се одржа нив улиците на македонската престолнина. Во конкуренција на околу 150 учесници во дветеконкуренции, Поп Арсова ја истрча маратонската трка во време 2:40:36 часа, додека Ивановски триумфираше со време […]

Силвија Митевска : Спортската дипломатија креира можности за зајакнување на меѓународните односи


Спортската дипломатија е релативно нов концепт кој подразбира стратешка употреба на спортот, односно примена на спортот како средство за градење на позитивни односи со цел постигнување на одредени национални и надворешно-политички приоритети. Добро познато е дека спортистите се најдобри амбасадори и промотори на една држава, но, доколку не постои свесна и стратешка насока за користење […]

Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер


Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со комплименти зборуваше за неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, спроти утрешната меѓусебна пресметка во Премиер лигата. Гвардиола наведе дека ривалството со Клоп позитивно влијаело врз неговиот тренерски развој. – Можеби не уште од првата година, но откако сум тука Ливерпул секогаш беше околу […]

Барселона во загуба од 481 милиони евра


Каталонскиот фудбалски гигант Барселона ја заврши финансиската година 2020-2021 година со дефицит од 481 милиони евра, објави клубот. Оперативните приходи на каталонскиот клуб изнесуваат 631 милиони, што е значително под 828 милиони, колку што беше предвидено во буџетот, кој исто така вклучуваше нето добивка од еден милион евра, а не загуба од 481 милиони евра. […]

Виз Ер Скопски маратон традиционално по 17 пат в недела


В недела традиционално по 17 пат ќе се одржи спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 километри ќе започне во 8:10 часот, од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на […]

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа во вечерашниот пораз на Наполи на домашен терен од московски Спартак со 3-2 (0-1) во рамки на 2. коло во групата Ц. Елмас го доведе Наполи во водство веќе во 11 секунда, пред Спартак да го искористи исклучувањето на Марио Руи во […]

Новиот стадион во Милано ќе биде изграден до 2024


Италија– Претседателот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Паоло Скарони, најави дека новиот градски стадион ќе биде изграден во рок од три години. Милан и градскиот ривал Интер своите домашни натпревари ги играат на ист стадион, кој во 1980 година беше именуван по легендарниот италијански фудбалер Џузепе Меаца, но во последните години навивачите и на двата клубови почесто […]

Пеле ја напушта болницата во Сао Паоло


Бразил – Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и рехабилитацијата ќе ја продолжи во својот дом, објави денеска неговата ќерка Кели Насименто. На Пеле на почетокот од септември му беше отстранет тумор од дебелото црево, по што извесен период мина на одделот за интензивна нега поради респираторни проблеми. Туморот му беше […]

Надал прв тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10


Англија– Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал е првиот тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10. Шпанецот за првпат влезе помеѓу најдобрите десет играчи на 25 април 2005 година и оттогаш е во светската тениска елита. Во моментов Надал е на 7. место на светската АТП ранг-листа. Инаку, Роџер Федерер е првиот […]

НБА ѕвездите ќе изгубат милиони доколку не се вакцинираат: Познати точните бројки за двајца играчи


Од НБА лигата, неодамна стигна потврда дека околу 90 проценти од играчите биле вакцинирани, што е голем плус. Меѓутоа има и кои уште не го направиле тоа. Меѓу нив има двајца играчи – Кајри Ирвинг (Бруклин) и Ендрју Вигинс (Голден Стејт). Дополнителен проблем за нив е што е воведена задолжителна вакцинација во Њујорк и Сан […]

Роналдо: Ако не победевме со Виљареал, шансите за да ја поминеме групата ќе беа минимални


Творецот на победата на Манчестер јунајтед на синоќешниот натпревар со Виљареал, Кристијано Роналдо, ги оцени шансите на неговиот тим во Ф-групата од Лигата на шампионите Роналдо на „Олд Трафорд“ погоди во петтата минута од судиското надополнување за конечни 2:1 за Јунајтед кој губеше до 60. минута. – Доколку не победевме, тешко ќе можеше да се […]

Ѓоковиќ најверојатно нема да учествува на Индијан Велс


Србија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна најави дека ќе отпатува во САД на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, но, како што наведуваат денеска повеќе српски медиуми, освојувачот на 20 грен-слем титули, во меѓувреме, го променил ставот и многу веројатно ќе го откаже учеството. Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во родниот Белград и од засега непознати причини не е во тренажен процес. […]

„Златната топка“ ќе се додели на 29 ноември во Париз


Франција – „Златната топка“ за фудбалер на годината која ја доделува француското списание „Франс фудбал“ ќе биде доделена на свеченост во Париз на 29 ноември, соопштија денеска организаторите. Листата на номинирани фудбалери во машка и женска конкуренција ќе биде објавена в петок. Престижната награда „Златна топка“ во чија организација повторно се вклучува реномираното француско списание, се враќа по едногодишна пауза, откако минатата година не […]

Радукану доби вајлд-карта за Индијан Велс


САД– Шампионката на УС Опен, Ема Радукану, доби специјална покана за турнирот ВТА 1000 во Индијан Велс (САД). Ова ќе биде нејзин петти турнир во главната фаза по Нотингем, Вимблдон, Сан Хозе и УС Опен. Радукану се уште нема победа на ВТА турнирите, туку само на мечеви на Грен слем. Британката планира да игра три турнирски […]

Нејмар објави фотографија со Меси и Мбапе по триумфот над Сити


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар по синоќешниот триумф над Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите, на својот Инстраграм објави фотографија од соблекувалната. На сликата се Бразилецот, Лионел Меси и Килијан Мбапе. Меси беше стрелец на вториот гол по асистенција на Мбапе. Со оваа фотографија, Нејмар ги демантира шпекулациите кои се појавија во медиумите […]