За натпреварот против Исланд отворени источната и западната трибина


Фудбалската федерација на Македонија ги отвора и источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески” за натпреварот Македонија – Исланд од квалификациите за СП 2022.
 
100 денари е цена на билет за источната и западната трибина.
 
Влезниците можат да се купат преку MkTickets
 
Македонската фудбалска репрезентација сигурно ќе има огромна поддршка од трибините на натпреварот против Исланд в недела (18 часот), откако се очекува максимално исполнета арена „Тодор Проески.
 

Македонија во моментов е втора на табелата во квалификациската група за пласман на СП 2022 со еден бод пред Романија, а победа против Исланд ќе значи сигурно место на жолто-црвените во баражот за учество во Мундијалот.