Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен


 Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра. Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил […]

(Видео) Клиперс го направи најголемиот пресврт во НБА од 2009 година


Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА во последните 12 години. Клиперс ноќеска го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостануваа 35 поени. На 20 секунди до крајот Вашингтон визардс водеше со седум разлика (114:107), но и тоа не беше доволно за успех. Победата на Клиперс ја донесе […]

Шаповалов: Погрешив кога на судијата му реков дека е корумпиран, но на Рафа премногу му се дозволува


Канаѓанецот Денис Шаповалов по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија опен 2:3 го коментираше конфликтот со судијата. – Погрешно се изразив кога реков дека е корумпиран. Бев емотивен. Но сепак мислам дека сум во право. Не е фер што на Рафа му се дозволени толку многу работи. Бев подготвен да играм, времето течеше, […]

Почина холандската фудбалска легенда Вим Јансен


Во 76. година од животот почина легендарниот фудбалер на Феенорд и на холандската репрезентација, Вим Јансен. Јансен, кој играше на средината на теренот, а по потреба извршуваше и дефанзивни задачи, беше член на холандската репрезентација, која на две последователни светски првенства, 1974 и 1978, играше финале, а во националниот дрес одигра вкупно 65 натпревари. Феенорд […]

Надал: По стапките на Роџер


  Секако дека ја направи таа поза. Четири чекори напред, нозете одвоени, рацете нагоре, главата зафрлена назад. Од толпата во Род Лејвер Арена избувнаа овации. Тој веќе доминира во шоуто. Набргу потоа, Рафаел Надал стоеше со Џим Куриер, паметниот интервјуер на теренот кој и самиот двапати скокна во реката Јара како победник на овој турнир. […]

Беретини со Надал во полуфиналето на Австралија опен


Австралија– Матео Беретини е вториот полуфиналист на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен откако во маратонски меч во четвртфиналето славеше над Французинот, Гаел Монфис со 3-2, по сетови 6-4, 6-4, 3-6, 3-6 и 6-2. Иако имаше негатива од 0-2, францускиот тенисер успеа целосно да се врати во мечот и да израмни на 2-2, но […]

Велосипедизам: Егон Бернал на интензивна нега, имаше операција на ’рбетот по тежок пад на тренинг


  Двократниот победник на Гранд тур велосипедски трки, Еган Бернал, останува на интензивна нега откако му беше извршена операција на ‘рбетот по тешката несреќа што ја доживеа додека тренираше во неговата родна Колумбија. 25-годишниот Бернал беше подложен на повеќекратни операции по несреќата, при што лекарите работеа на санирање на скршениците на десната нога и капата […]

Надал преку Шаповалов до полуфиналето на Австралија опен


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Автсралија опен, откако утрово го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:2. Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2:0 (6:3 и 6:4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6:4 и 6:3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и […]

Унгарскиот олимписки првак Чолану почина од коронавирусот


Освојувачот на златниот медал во дисциплината кругови на Олимписките игри 2000 во Сиднеј, унгарскиот гимнастичар Себастијан Чолану (52) почина денеска, откако пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од коронавирусот. Освен златото од Сиднеј, еден од најуспешните унгарски гимнастичари во својата кариера освои и олимписко сребро четири години претходно во Атланта, а беше и […]

Повторно ограбен домот на Бензема


Шпанија – Семејниот дом на францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил ограбен во неделата, втор пат од февруари 2019 година. Грабежот, како што јавија шпанските медиуми, бил извршен во неделата попладне, неколку часови пред првенствениот дуел меѓу Реал Мадрид и Елче, кој заврши нерешено 2:2. Семејството на Бензема, за време на грабежот, не било во својот дом […]

Четири бронзени медали за македонските сноубордери на меѓународен натпревар во БиХ


Четири бронзени медали освои македонската сноуборд репрезентација викендот на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа на Бјелашница, Босна и Херцеговина. И покрај неповолните временски услови, спортистите кои се дел од Скијачка федерација на Македонија, успеаја да обезбедат добар пласман на ова натпреварување. Карло Дерибан освои трето место во категоријата „Big Air“, Ведран Лауренчиќ во категоријата […]

Олимписката шампионка Гоџa се повреди пред Игрите во Пекинг


Италијанката Софија Гоџа се повреди пред Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг. На вчерашната трка во Кортина д’Ампецо во супервелеслалом Гоџа имаше пад што резултираше со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и пукнатина на потколеницата. Гоџа, кој треба да биде знаменосец на Италија во Пекинг, најверојатно ќе ги пропушти велеслаломите и […]

Ѓоковиќ би можел да настапи на Ролан Гарос


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми. Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест […]

ЗОИ – 72 случаи на коронавирус


Кина– Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари. Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот. Од […]

Меси се враќа на теренот по прележаниот корона вирус


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, се враќа во составот на актуелниот лидер во француското првенство за вечерашниот првенствен натпревар против Ремс, откако Аргентинецот целосно закрепна по прележаниот корона вирус. – Цела недела Меси одлично работеше. Сите сме среќни поради тоа и среќни сме бидејќи повторно ќе го имаме во составот, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино. Меси се зарази […]

Барти избори четвртфинале на Австралија опен


Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денес ја совлада Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во меч што траеше еден час и 16 минути, Австралијката го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот на Американката и препушти три гема. […]

Светското првенство во ватерполо одложено поради Ковид-19


Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) донесе неизбежна одлука и го одложи Светското првенство во ватерполо. Патувањата се голем проблем за спортистите во овој период кога светот се соочува со нов бран на коронавирусот. Тоа беше главна причина за оваа одлука да се откаже ова натпреварување. Наскоро ќе бидат потврдени точните датуми. Засега се знае само дека […]

Данска и Шпанија најблиску до полуфиналето на ЕП во ракомет


Будимпешта/Братислава – На Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се игра главната рунда, а по две кола, плус пренесените бодови од прелиминарната рунда, Данска и Шпанија се на чекор до полуфиналето. Данците по триумфот синоќа над Хрватска стигнаа до шест бода во Групата 1, по нив се Франција и Исланд со по четири бода, Холандија […]

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен


Австралија- На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен. Ова е епилогот по двата осминафинални меча кои завршија рано утрово. Најпрво Надал кој е шести носител на турнирот, со максимални 3:0, по сетови 7:6, 6:2 […]

Покетино: Мило ми е што Меси игра за ПСЖ, па тој има седум Златни топки


Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, откри дека напаѓачите Лионел Меси и Килијан Мбапе се подготвувале за натпреварот со Ремс во генералната група и ќе бидат вклучени во тимот за игра. -Среќен сум поради закрепнувањето на Меси. Тој добро тренираше. Убаво е да се врати во тимот. Ќе биде во составот. Мило ми е што […]