Ѓоковиќ загуби во Дубаи, веќе не е прв на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа.

Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое од понеделник ќе го преземе Русинот Данил Медведев.

Српскиот тенисер мина на врвот на АТП листата рекордни 361 недели.

Без разлика на понатамошниот настап на Медведев во Акапулко, рускиот тенисер од понеделник ќе го прескокне Ѓоковиќ на АТП листата и со тоа ќе го направи резултатот од кариерата за која направи голем чекор играјќи го финалето на Австралија опен.

Ѓоковиќ не успеа да ги одбрани освоените 500 поени во 2020 година во Дубаи, а на Медведев ќе му биде доволно од освоеното досега во Акапулко за да го прескокне на АТП листата.

Пред турнирите во Дубаи и Акапулко разликата меѓу Новак и Данил беше само 440 поени.

Ѓоковиќ сега го очекува голема борба за враќање на тронот, Медведев, кој има најмногу уште три меча во Акапулко, нема да истрча далеку, но моменталната тениска ситуација не му оди во прилог на српскиот тенисер.

На многу начини, понатамошната АТП трка ќе зависи од тоа на кои турнири ќе може да настапи Ѓоковиќ поради статусот на вакцинација, а тоа може да направи клучна разлика и да му даде предност на Русинот.