Осминафинале на Лига Европа: Барселона против Галатасарај, Црвена ѕвезда против Глазгов Ренџерс


Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа одредени двојките за осминафиналето во второто по ранг европско клупско натпреваруње, Лига Европа.

Барселона за противник го доби Галатасарај, Црвена ѕвезда ќе игра против Глазгов Ренџерс, додека Порто за место во четвртфиналето ќе мора да го елиминира Лион.

Во преостанатите натпревари од осминафиналето ќе играат: Брага – Монако, Аталанта – Баер Леверкузен, Лајпциг – Спартак Москва, Бетис – Ајнтрахт Франкфурт и Севиља – Вест Хем.

Првите натпревари ќе се играат на 9 и 10 март, а реваншите се на програмата на 17 март.