ЗОИ: Русите убедливо до златото во штафетата 4×10 километри


Руската штафата го освои златото на денешната трка 4×10 километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ), триумфирајќи во доминантен стил пред Норвешка и Франција Веќе во првата измена Алексеј Червоткин и донесе предност на Русија од 12 секунди, а Александер Болшунов, кој го освои своето второ злато во Пекинг, предноста дополнително ја зголеми. Во последната измена, […]

ЗОИ: Златото во велеслалом за Швајцарецот Одермат, сребро за Словенецот Жан Крањец


Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на денешната трка во велеслалом на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина. Сребрениот медал го освои Словенецот Жан Крањец, кој заосатна 19 стотинки зад Одермат, додека до бронзата дојде Французинот Матје Февр со заостанување од 1:34 минути […]

Шо: Сакаме во Лигата на шампионите, но ако продолжиме да губиме бодови, тоа нема да се случи


Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо искажа критики за играта на тимот од „Олд Трафорд“ по денешното реми со Саутемптон (1:1) во натпреварот од 25. коло на шампионатот на Англија. -Историјата се повторува. Манчестер јунајтед имаше одлични први 20 минути, а потоа сé се повтори. Знаеме дека итно треба да се поправиме. Нашите резултати не […]

Првенец за Пандев во дресот на Парма


Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, го постигна својот прв гол како играч на Парма. Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на […]

Осма победа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата


 МЗТ Скопје Аеродром попладнево ја совлада Војводина со 83:75 и со две победи и еден пораз ги завршува настапите во „балонот“ во Бања Лука. Аеродромци клучната разлика ја направија со подобра игра во втората и третата четвртина (30:21 и 20:13). Најефикасни во таборот на македонскиот состав беа Роберт Рикиќ со 18 и Немања Милошевиќ и […]

ЗОИ: Линдвиг и го обезбеди осмото злато на Норвешка


Норвежанецот Мариус Линдвик освои злато во скијачки скокови на Олимпијадата во Пекинг. Дваесет и тригодишниот Линдвик покажа најдобар резултат во двата скока во дисциплината К-125. Линдвик за прв пат во кариерата стана олимписки шампион. Ова е осми златен медал за Норвешка на ЗОИ 2022 за лидерско место во поредокот на медалистите. Јапонецот Рјоју Кобајаши го […]

ЗОИ: Хокеарите на САД ја победија Канада на Олимпијада за прв пат по 12 години


Кина– Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг. За Американците ова е прва победа над Канаѓаните на Олимпијадата по 12 години. Соединетите Американски Држави последен пат ја совладаа Канада во групната фаза на Олимписките игри во 2010 година, но потоа загубија во финалето. По овој […]

Олимпискиот медалист Георгиевски бара итна корекција од АМС за висината на ваучерот


Таеквондистот Дејан Георгиевски ја нарече срамна одлуката на Агенцијата за млади и спорт (АМС) околу износот на спортскиот ваучер кој му го додели на освојувачот на сребрениот олимписки медал во Токио и побара истата веднаш да биде коригирана. Реакцијата на Георгиевски и Македонската таекводно федерација доаѓа по одлуката на АМС да му додели со ваучер […]

ЗОИ: Русите не го признаваат позитивниот допинг наод на Валиева


 Рускиот олимписки комитет изнесе денеска „сериозни сомнежи“ во врска со позитивниот допинг наод на својата натпреварувачка во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, 15-годишната Камила Валиева, од страна на Светската антидопинг агенција (WADA). – Временскиот период во кој се анализирани примероците отвора сериозни прашања. Меѓународниот стандард за обработка на примероците во лабораторијата на WADA […]

ЗОИ: Злато за Финецот Нисканен во трката на 15 километри


Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил, а до своето трето олимписко злато дојде денеска на убедлив начин, надминувајќи го второпласираниот Александер Болшунов од Русија за 23.2 секунди. За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата […]

НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Лос Анџелес клиперс со 112-105, предводени од Лука Дончиќ, кој постигна рекордни 51 поени. Словенечкиот кошаркар до рекорден ефект во својата кариера дојде со фантастично издание во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, реализирајќи седум тројки од девет обиди. Having himself a night 🔥🥵 pic.twitter.com/ZDIpzkDwj8 — […]

ЗОИ: Гут – Бехрами олимписка победничка во супервелеслалом


Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера. Бројот 7, кој Кинезите го сметаат за многу среќен, и донесе огромна радост на 30-годишната Швајцарка, која ја потврди доминацијата во дисциплината во која е актуелен светски првак. […]

НБА: Харден во Филаделфија, Бен Симонс во Бруклин


Бруклин одлучи да се раздели со својот досегашен кошаркар Џејмс Харден и да го испрати во Филаделфија во замена за Австралиецот Бен Симонс, Сет Кари, Андреа Друмонд и двата следни избори на НБА драфтовите. Веста ја објави телевизиската мрежа ЕСПН, потенцирајќи оти оваа најзначајна играчка размена сезонава во НБА лигата доаѓа само неколку часа пред крајниот на […]

ЗОИ: Табела на медали – Германија води пред Норвешка


Кина – Германија со шест златни одличја е на чело на табелата според освоени медали по одржани 45 од 109 финални натпреварувања на 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Германија 6 3 0 9 Норвешка 5 3 4 12 Австрија 4 5 4 13 САД 4 5 1 10 Холандија 4 3 1 8 Шведска […]

ЗОИ: Германија ги освои сите златни медали во санкање


Германската репрезентација во санкање победи на денешната трка во екипна конкуренција и со тоа ја заокружи апсолутната доминација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. За Германија настапија олимписките победници во женска (Натали Гејзенбергер) и во машка конкуренција (Јоханес Лудвиг), како и освојувачите на златниот медал во конкуренција на двојки (Тобијас Вендл и Тобијас Арлт). Сребрениот медал […]

Без промени на ФИФА листата, македонските фудбалери на 67. место


Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на првата овогодишна ранг-листа на ФИФА, идентично како и на последната објавена на крајот од 2021 година. На првото место и натаму е Белгија, пред Бразил и Франција. Eдинствената промена меѓу првите десет репрезентации се случи на четврто и петтото место на кои Аргентина и Англија ги заменија местата. Италија, противникот на македонските […]

ЗОИ: Втор златен медал за Холанѓанката Шутен


Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Ирене Шутен го освои денеска златниот медал на трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и тоа со време на нов олимписки рекорд од 6:43:51 минута. Ова е втор златен медал за Шутен во Пекинг, откако холандската олимпијка беше најбрза и на трката на 3.000 метри. […]

Неизвесно дали Ѓоковиќ ќе може да игра на Индијан Велс


Новак Ѓоковиќ е на списокот на пријавени играчи на Индијан Велс, но не е сосема сигурно дека ќе игра на овој турнир кој ќе се игра од 10 до 20 март. Организаторите на турнирот најавија дека сите тенисери мора да бидат вакцинирани. „Со оглед на тоа дека здравјето и безбедноста се приоритет, турнирот ќе бара […]

Кој е лекот во случајот на допингуваната Камила Валиева


  Во првиот голем случај на допинг на Олимпијадата во Пекинг е вклучена една од нејзините најголеми ѕвезди. И се чини дека тој случај е далеку од едноставен, не само затоа што таа има само 15 години и има заштита како малолетна во правилата за анти-допинг. Земјата во центарот на тоа? Русија. Повторно. Еве поглед […]

ЗОИ Пекинг: Ана Цветановска го освои 95 место на 10 километри


Македонска претставничка Ана Цветановска го освои 95 место од 98 натпреварувачки во нордиско скијање на 10 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Цветановска делницата ја помина за 39.57.7 минути. Македонската претставничка на Зимските олимписките игри во Пекинг 2022, Ана Цветановска натпреварувањето во крос-кантри скијање на 10 километри го заврши на 95. место од 98. […]