Медведев најави пауза поради операција


САД – Рускиот тенисер Данил Медведев објави денеска дека еден до два месеци ќе отсуствува од терените поради оперативен зафат.

– Последните месеци настапував со мала хернија. По консултации со тимот, одлучив да се оперирам за да го решам тој проблем. Веројатно ќе биде вон теренот месец до два. Ќе се трудам што поскоро да се вратам на теренот, напиша Медведев на својот Твитер профил.

Вториот светски тенисер поради тоа веројатно ќе ги пропуши турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим, а неизвесен е и неговиот настап на Ролан Гарос, кој е на програмата од 22 мај до 5 јуни.