Меси е третиот играч во историјата кој постигнал над 100 голови за националниот тим


Лионел Меси ноќеска постигна хет-трик на пријателскиот натпревар на Аргентина против Курасао одигран во Сантијаго дел Естеро. Аргентинскиот напаѓач стана третиот играч во историјата кој постигнал најмалку 100 гола за националниот тим. Тој вкупно има 102 погодока во дресот со националниот грб. Рекордер е португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо со 122 гола, а по него е […]

Надал: Не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло


Шпанија – Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал изјави дека не знае кога ќе се врати на теренот по повредата на колкот. Претходно беше објавено дека ќе игра во Монте Карло. – Не знам кој добил таква информација, но доколку е вистина, би потврдил. За жал, не можам да го направам ова. Продолжувам да […]

Македонската фудбалска репрезентација забележа минимална победа над Фарски Острови


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Бојан Миовски во 81. минута. „Црвено-жолтите“ заслужено победија на арена „Тодор Проески“ во Скопје, имаа повеќе шанси, но и гостите два пати сериозно се заканија. Селекторот Благоја Милевски испроба неколку фудбалери кои не се стандардни […]

Почетниот составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварот со Фарски Острови


Македонската фудбалска репрезентација денес ја очекува контролен натпревар со репрезентацијата на фарски Острови. „Црвено-жолтите“ ќе бидат со изменет состав во споредба со натпреварот со Малта одигран во четвртокот Селекторот Благоја Милевски за овој дуел се одлучи за следниов почетен состав и формација 4-3-3: голман: Дамјан Шишковски одбрана: Кире Ристевски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски среден […]

Еурофарм Пелистер: Индивидуи под дејство на алкохол или други опојни средства го деградираат македонскиот спорт


Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.   Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост:   РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа […]

Конте повеќе не е тренер на Тотенхем


Тотенхем на својата официјална веб-страница објави дека е прекината соработката со Антонио Конте. – Антонио Конте го напушти клубот со заедничка согласност. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме се најдобро во иднина, соопшти премиерлигашот од Лондон. Кристијан Стелини е назначен за в.д. селектор до крајот на сезоната. Рајан Мејсон ќе му […]

Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите


Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер го доби актуелниот ракометен првак со 31-24 (13-10 на полувремето), но натпреварот беше во сенка на инцидентот предизвикан од навивачки групи поради што имаше прекин поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.  Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински […]

Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил


Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1. Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута. Поразот ги продлабочи проблемите […]

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ во стабилна состојба откако колабираше на теренот


Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол. Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа […]

Пике ќе му плати на Хамилтон 950.000 долари поради навреда


Поранешниот светски шампион и легенда во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике ќе мора да плати казна од 950.000 долари поради расистички навреди кон Луис Хамилтон. Бразилскиот суд го казни Пике за интервју од 2021 година кога употреби навредливи зборови за возачот на Мерцедес и поранешен светски шампион. Пике за седумкратниот светски шампион го навреди во интервју во ноември […]

Одбојкарките на Работнички по шести пат го освоија Купот на Македонија


 Одбојкаркоте на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски Волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш. Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но скопјанките направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето […]

Mодриќ: Сакам да останам во Реал


Шпанија – Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот од Мадрид. – Сите знаат дека мојата желба е да останам во Реал Мадрид. Верувам и се надевам дека тоа ќе биде така. Сè друго се гласини и шпекулации, изјави Модриќ. Модриќ е во Реал Мадрид од […]

Франција ја победи Холандија во квалификациите за ЕП 2024


Франција – Француската репрезентација синоќа ја совлада Холандија на домашен терен во групната фаза од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2024.   Французите веќе до 21. минута имаа постигнато три гола. Антоан Гризман, Дајо Упамекано и Килијан Мбапе се запишаа во листата на стрелците. Напаѓачот на ПСЖ го постигна вториот гол во финишот на натпреварот. […]

Тухел официјално нов тренер на Баерн


Германскиот фудбалски првак Баерн од Минхен официјално објави вечерва дека ја раскинал соработката со својот досегашен тренер Јулијан Нагелсман, назначувајќи го на негово место Томас Тухел. Нагелсман дојде во Баерн во лето 2021 година и веќе беше под силен притисок на крајот од минатата сезона по елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на шампиони од Виљареал, но го спаси освојувањето на […]

Магична ноќ на Аргентинците, Меси го постигна 800. гол во кариерата (видео)


Актуелниот светски фудбалски првак Аргентина во пријателски натпревар синоќа во Буенос Аирес ја совлада Панама со 2-0, а дуелот го одбележа капитенот Лионел Меси, кој го постигна 800. гол во кариерата. Аргентинците во славеничко расположение дури во финишот го скршија отпорот на Панама со головите на 21-годишниот Тиаго Алмада во 78 минута и Лео Меси […]

Роналдо нов рекордер според репрезентативни настапи


Кристијано Роналдо стана играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата на фудбалот, откако синоќа го облече дресот на Португалија по 197 пат. Роналдо се најде во почетниот состав на дуелот против Лихтенштајн на отворањето на квалификациите за ЕУРО2024. До овој натпревар Роналдо беше на делба на првото место на вечната листа со Бадер Ач – Мутава, кој […]

Квалификации за Еуро 2024: Македонија ја победи Малта со 2:1


Победа со 2:1 над Малта и посакувани три бода за македонската фудбалска репрезентација на стартот во квалификациите за Европското првенство 2024. Ова е епилогот по вечерашниот натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Стрелец на првиот гол беше Елиф Елмас во 66. минута, Дарко Чурлинов во 72. минута зголеми на 2:0. За гостите […]

Билд: Нагелсман доби отказ од Баерн, Тухел ќе биде нов тренер на Баварците


Јулијан Нагелсман е отпуштен од функцијата тренер на Баерн Минхен, објави вечерва „Билд“. Според германскиот медиум, управата на клубот веќе донела одлука, а тоа ќе биде официјално соопштено во блиска иднина. Томас Тухел е новиот тренер на Баерн. Договорот со него е веќе договорен, а наскоро страните ќе ги потпишат сите потребни документи. Јулијан Нагелсман […]

Светската атлетика ќе ги исклучи трансродовите жени од женските натпреварувања


Светската атлетика одлучи да ги исклучи трансродовите жени кои поминале низ машки пубертет од женските натпревари, јави Скај Њуз. Претседателот на телото, лордот Себастијан Коу, рече дека е преземена „одлучна акција“ за „да се заштити женската категорија во нашиот спорт“. Лордот Коу на прес-конференција во Монако рече: „Советот се согласи да ги исклучи трансродовите спортисти […]

Финалисти на „Автомобил на годината во Македонија“ за 2023


Националното стручно жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 28. пат го организира Изборот, и истиот е најстар и единствен Национален Избор. Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2023 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во […]