ПСЖ ќе го суспендира Лионел Меси, без дозвола отпатувал во Саудиска Арабија


Според француската агенција АФП, Пари сен Жермен ќе ја суспендира својата ѕвезда, аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, но се уште не е познато колку долго.

Веднаш по последниот првенствен пораз на ПСЖ против Лориен, Меси го напушти клубот и Париз без дозвола на клубот и отпатува за Саудиска Арабија.

Францускиот дневен весник „Л’Екип“ дозна дека суспензијата ќе трае две недели, додека АФП не ги потврди ваквите наводи, но спомена суспензија од „неколку дена“.

Инаку, договорот на Меси со актуелниот француски шампион и моментално водечки тим во француската Лига 1 истекува на крајот од актуелната сезона. ПСЖ има пет бода повеќе од Марсеј.