Алкараз во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид
Мадрид– Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз синоќа се пласираше во осминафиналето на мастерсот во Мадрид, откако по два сета со 6:2, 7:5 го совлада 32-от светски играч Григор Димитров од Бугарија.
Бранителот на титулата и второрангиран тенисер во светот победи по еден час и 32 минути.
Направи два брејка во првиот сет и без поголеми проблеми поведе во мечот.
Во вториот сет тенисерите добиваа гемови на свои сервиси до шестиот кога Димитров му го одзеде сервисот на Алкараз и поведе со 4:2. Младиот Шпанец веднаш го врати брејкот за 3:4 во следниот гем.
После тоа, тенисерите беа сигурни во гемовите во кои сервираа до 11. кога Алкараз направи нов брејк и поведе со 6:5, а потоа во следниот гем сервираше за победа и ја искористи втората меч поен.
Алкараз во осминафиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев.
Во осминафиналето е и Борна Ќориќ од Хрватска, кој славеше против Хурбет Хуркач од Полска 7:6, 6:3. Негов противник ќе биде победникот од мечот меѓу Данецот Холгер Руне и Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.