Федерер како спортска и модна икона на Мет Гала


Њујорк-  Славниот пензиониран тенисер Роџер Федерер изгледа како да ужива во животот после тенисот. Се повеќе го има на модни настани, а во улога на кодомаќин заедно со Ана Винтур и Дуа Липа, присуствуваше и на прес-конференцијата за тематската изложба во чест на Карл Лагерфелд во музејот Метрополитан, но и прошета на црвениот килим заедно со сопругата Мирка, видно ослабена. Тој облече црн смокинг на Диор со очила за сонце, а неговата сопруга избра розов фустан од пердуви со акцент на машна, еден од препознатливите додатоци на Лагерфелд.

Федерер, како бренд амбасадор на „Ролекс“ на Мет Гала ја промовираше бело-златната и црна верзија на новиот часовник на швајцарскиот бренд „Perpetual 1908“.

„Верувам дека стилот се наоѓа во совршениот баланс на бојата и текстурата“, изјави, по тој повод, Федерер. „Новиот Rolex Perpetual 1908 додава безвременска елеганција на мојот изглед на овогодинешната Мет Гала“.