Ѓоковиќ повторно е светски број 1


Новак Ѓоковиќ се врати на првото место во светот и ја започнува рекордната 381. недела на врвот на АТП-листата. Ѓоковиќ, на врвот има 380 бодови повеќе од Шпанецот Карлос Алкараз. Од 9 април во Монте Карло Ѓоковиќ и Алкараз повторно ќе ја започнат борбата за првото место. Новак на тој начин продолжува да го зголемува […]

Медведев го освои Мастерсот во Мајами и се искачи на 4. место на АТП ранг-листата


Мајами – Рускиот тенисер и поранешен прв светски рекет Данил Медведев синоќа го победи Јаник Синер во финалето на турнирот во Мајами со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3. За Русинот ова беше шеста победа над Италијанецот во исто толку натпревари. Медведев ја освои 19-та титула во кариерата и четвртата – оваа сезона. Тој освои Мастерс […]

Тухел за отказот на Нагелсман: Разбирам како се чувствува Jулијан, два пати бев во таква ситуација


Тренерот на Баерн, Томас Тухел го поддржа Јулијан Нагелсман кој доби отказ од Баварците.   – Разбирам како се чувствува Јулијан во моментов. Самиот двапати сум бил во ваква ситуација. Не дека причината за моите откази од двата претходни клуба (ПСЖ и Челзи) беше во мене. Таков е животот на тренерот. Ќе се обидеме успешно да ја завршиме сезоната, исто […]

Катастрофа за паметење: Хаос, прекини, инциденти – Ред Бул победи во Австралија


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. Ред Бул ја отвори сезоната доминантно и победи на првите три трки: Верстапен во Бахреин и сега Австралија, и Перез во Џеда на последната трка. Бројни инциденти ја одбележаа оваа трка која ја завршија само десет возачи. Имавме дури три […]

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и […]

„Пежо 308“ е автомобил на годината во Македонија


Националното стручно жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 28. пат го избра победникот на најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие […]

Андон Дончевски прогласен за „Спортски великан на Македонија“


  Прославениот фудбалски тренер и прв селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски, дене доби високо спортско признание. Во просториите на Македонскиот олимписки комитет тој ја доби наградата „Спортски великан на Македонија“ од Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа. Наградата му ја врачи почесниот претседател на МОК, Васил Тупурковски. Претседателот на МОК, Даниел Димевски, исто […]

Триесетина светски пливачи на Охридскиот маратон


Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон. Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови […]

Исландскиот селектор доби отказ


Раководството на Фудбалската федерација на Исланд (КСИ) му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон само неколку денови по убедливиот триумф од 7-0 над Лихтенштајн во евроквалификациите, но за 45-годишниот стратег тоа беше само шеста победа на исландската клупа на 31 натпревар. „Ова, секако, е тешка одлука, но ја сметаме за потребна и исправна“, соопшти синоќа […]

Куман: Претседателот на Барселона ме излажа за Меси


Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, призна денеска дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на неславен начин го напуштил каталонскиот клуб во 2021 година, јавија денеска шпанските медиуми. Меси ја напушти Барселона поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаше Барселона во 2021 година во период кога на клупата на каталонскиот клуб седеше холандскиот стратег Куман. […]

Пекинг Гуан го промовираше Адеми за ново засилување


Кинескиот фудбалски прволигаш Пекинг Гуан денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како еден од своите осум нови фудбалери за новата сезона. Адеми (31) се пресели во Кина од редовите на Динамо Загреб, чиј дрес го носеше од 2010 година и стекна култен статус во актуелниот хрватски првак. Кинескиот клуб соопшти дека Адеми во новата сезона ќе го носи дресот […]

Пројковска прва жена која ќе суди натпревар од ПМФЛ


 Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Историскиот момент за македонскиот фудбал ќе се случи на 2 април во Тетово каде Шкендија ќе ја пречека Победа во 25.коло. Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот. Помошници на Пројковска ќе бидат […]

Ѓоковиќ ќе може да игра во САД


Вашингтон- Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на турнири на територијата на САД, бидејќи американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на корона вирусот, објави денес Си-ен-ен. Американските медиуми јавуваат дека американскиот претседател Џо Бајден ќе ја потпише оваа одлука, бидејќи првиот човек на САД […]

Алонсо: Во Австралија одиме да го надградиме успехот од првите две трки сезонава


Пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо го сподели своето мислење за изгледите на тимот на претстојната трка од Формула 1 шампионатот. – Заминуваме за Австралија во одлично расположение по две последователни пласмани на подиумот и со нетрпение очекуваме да го надградиме нашиот успех овој викенд. Досега нашиот болид одлично се покажа на две патеки кои […]

На ирски фудбалски репрезентативец дијагностициран аутизам


 Ирскиот фудбалски репрезентативец и играч за врска на англискиот второлигаш Виган, 33-годишниот Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам. МекКлин ја откри дијагнозата во вторникот во објава на Инстаграм за време на Светската недела на аутизам, додавајќи оти побарал лекарска проценка нанарушување на спектарот на аутизам (ASD), откако заедно со сопругата Ерин препознале дека […]

Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти


 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека на меѓународните спортски манифестации кои ќе ги организира неговата земја ќе им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти, дури и под условите кои за нив ги препорача Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за учество под неутрални државни обележја. „Русите нема да настапуваат во Полска. Нема да има […]

Халанд под истрага на англиската полиција


 Англиската полиција потврди денеска дека истражува наводен инцидент, кој го предизвикал фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како норвешкиот репрезентативец користи мобилен телефон додека управува со автомобил, јави „Скај спорт“. Полицијата наведе дека е запозната со фотографиите на кои се наоѓа голгетерот на Манчестер сити. Според британските медиуми, Халанд, наводно, […]

Антиќ доби нов четиригодишен мандат на чело на кошаркарската федерација


Досегашниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и следните четири години ќе ја извршуваа оваа функција. На денешното Изборно собрание на федерацијата, Антиќ доби 40 гласа, еден делегат гласаше против. Поранешниот македонски репрезентативец, рече дека во вториот свој мандат на чело на федерацијата, ќе работи на создавање што е можно подобри услови за сите […]

Успех на руските тенисери во Америка


Рускиот тенисер Карен Хачанов се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами со голема победа над Стефанос Циципас со 7:6, 6:4, додека неговиот сонародник Данил Медведев имаше многу лесна работа против Квентан Али и победи со 6:4, 6:2 за само 71 минута. Со спектакуларна партија Хачанов успеа да ја прекине серијата од 23 последователни порази […]

Модриќ ќе игра на ЕП 2024, па дури и на Светското првенство


Фудбалерот од средниот ред на Челзи и Хрватска, Матео Ковачиќ, зборуваше за својот соиграч од репрезентацијата Лука Модриќ, откако ја совладаа Турција (2:0) во второто коло од квалификациите за ЕП 2024. – Ќе бидам ли наследник на Модриќ? Лука има уште многу да игра, особено ако се погледне како играше денес. Изгледаше како млад фудбалер. […]