Јокиќ за можна суспензија поради туркање на сопственикот на Санс: НБА мора да ги заштити играчите


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ одговори на прашањето дали се плаши да добие дисквалификација поради туркањето на сопственикот на Феникс, Метју Ишбија за време на четвртиот натпревар од плејоф серијата.

– Лигата нема да ме заштити? Дали ќе застанат на страната на навивачот, дали него ќе го заштитат? Дали знаев која е оваа личност? Знаев, но во таа ситуација тој беше обичен навивач на трибините. Судијата ми рече дека сум бутнал навивач. Но, тој започна, тој беше првиот што ги користеше рацете. Мислам дека НБА треба да не заштити нас играчите. Можеби грешам. Наскоро ќе дознаеме, изјави Јокиќ.

Србинот натпреварот го заврши со 53 постигнати поени и 11 скока, но и тоа не беше доволно Дневер да го избегне поразот. Феникс славеше со 129:124 и изедначи на 2-2 во серијата прв до четири победи.