Венгер: Во францускиот фудбал има премногу странски тренери


Париз – Француската фудбалска Лига 1 брои 18 клубови, а дури десет од нив на клупата имаат странски тренери, што според легендарниот стратег Арсен Венгер не е во ред. Искусниот Венгер, кој во моментов извршува функција во ФИФА, оцени дека тој тренд треба да се промени, истакнувајќи оти земјата на финалистот на последното Светско првенство […]

Надал се надева дека наскоро ќе се врати на теренот


Мадрид – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот, пренесува „Мундо Депортиво“. Тој призна дека искрено верува дека повторно ќе игра, но не може да даде точен датум за враќање. – Пред неколку недели немав таква доверба. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам нешто поконкретно, рече […]

Леброн Џејмс стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл


Лос Анџелес – Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс забележа трипл-дабл во поразот рано утрово од Сакраменто со 110:125. Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока. Четирикратниот НБА-шампион со 38 години и 320 дена стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл на еден натпревар. Карл Мелоун имаше 10 […]

Заборски од „Макпетрол“: итно да се промени селекторскиот кадар на сениорската карате репрезентација


Карате клубот „Макпетрол“ реагира на настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното Светско првенство во Будимпешта и прикажаните резултати, за кои директно го обвинува селекторот Александар Кузмановски и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби. Во продолжение пренесуваме дел од реакцијата на тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.       „Како […]

Промовирана официјалната топка за ЕП 2024


 Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2024 година. Се вика „Љубовта на фудбалот“. – Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува […]

Ѓоковиќ по поразот од Синер: Јаник одигра фантастичен меч


Торино- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го пофали Италијанецот Јаник Синер од кого вчеравечер загуби со 2:1 во меч од зелената група на завршниот АТП турнир во Торино. – Мислам дека главната разлика е во тоа што во важните моменти беше похрабар. Јаник заслужи да победи бидејќи во клучните моменти не бев доволно агресивен, недоволно решителен. […]

Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме


Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски верува дека уште еднаш може да се оствари позитивен резултат со големиот фаворит Италија.  Македонската репрезентација на 17 ноември гостува во Рим во првиот од двата последни натпревара од квалификациите за Европското првенство.  – Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво […]

Суарез повторно во уругвајската репрезентација


Првпат по Светското фудбалско првенство во Катар кое се одржа во декември, уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (36) е повикан во националниот тим за мундијалските квалификации. Најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација доби повик од селекторот Марсело Биелса за претстојните два квалификациски натпревари против светскиот првак Аргентина и Боливија. Познат под прекарот „Ел Пистолеро“, Суарез […]

Зверев подобар од Алкараз во Торино


Торино– Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз загуби од Германецот Александар Зверев со 6:7, 6:3, 6:4 во првиот меч од „Црвената група“ на завршниот Мастерс во Торино. Во дуелот во кој речиси се зависеше од тоа колку добро ќе сервира Германецот, се покажа дека Зверев може да го искористи својот најсилен адут. Toj направи по еден брејк […]

Италија без Локатели против македонската репрезентација


 Италијанскиот фудбалски репрезентативец Мануел Локатели поради повреда нема да биде во составот на националниот тим за дуелите од завршниот ноемвриски циклус во евроквалификациите против македонската и украинската репрезентација. „Локатели се врати во својот клуб“, изјави селекторот Лучијано Спалети на синоќешната прес – конференција, непрецизирајќи за каква повреда на играчот за врска на Јувентус станува збор. […]

Илјадници луѓе го испратија Боби Чарлтон


Лондон – Неколку илјади луѓе се собраа денеска на улиците на Манчестер за да му оддадат последна почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, сер Боби Чарлтон (87), кој почина на 21 октомври. Чарлтон за Јунјатед одигра 758 натпревари на кои постигна 249 голови, освојувајќи го Купот на […]

Ѓоковиќ по тричасовна битка со Руне го осигура првото место на АТП листата


Торино- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа со победа го отвори завршниот АТП-турнир во Торино. Најдобриот светски рекет беше подобар од дебитантот Хелгер Руне, кого го совлада со 2-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-3) во меч кој траеше нешто повеќе од три часа. Со оваа победа Србинот го осигура првото место на АТП листата на крајот […]

Стартува завршниот Мастерс во Торино: Ѓоковиќ игра за историја


Со двата мечеви од групата А (зелена група), се крева завесата на финалниот АТП Мастерс кој се игра во Торино. Најдобрите осум тенисери во 2023 година ќе се борат за најпрестижниот трофеј по четирите Грен слема, а тронот ќе го брани Новак Ѓоковиќ. Токму Србинот игра за историја во Торино. Ѓоковиќ е голем фаворит за […]

Севилја и Виљареал заинтересирани за Димитриевски


Мадрид – Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е на списокот на интереси на Севилја и Виљареал, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, двата клуба сакаат да го ангажираат како слободен играч македонскиот репрезентативен голман. Актуелниот договор на 29-годишниот Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува летото 2024 година. Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во […]

Леброн Џејмс отвора сопствен музеј


Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс кој годинава влезе во својата 21 сезоната во НБА лигата, ќе отвори сопствен музеј во родниот град Акрон, во американската сојузна држава Охајо. Посетителите на „Семејната Фондација Леброн Џејмс“ (Lebron James Family Foundation) ќе имаат можност да видат разновидни предмети од неговата богата кариера, меѓу кои и оригиналната […]

Суспендирани седум белгиски тенисери поради местење натпревари


Седум белгиски тенисери се суспендирани поради местење натпревари, соопшти синоќа Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА). Во соопштението се прецизира дека играчите ги признале корупциските прекршоци и оти санкциите се „поврзани со неодамна завршениот кривичен предмет кој го вклучува синдикатот за местење натпревари“ во Белгија. „Соработката меѓу ИТИА и белгиските власти доведе до петгодишна […]

Фудбалерите на Интер добија два милиони евра бонус за осминафиналето во ЛШ


Милано – Сопственикот на Интер, Стивен Џан, им го исплати на фудбалерите на италијанскиот тим првиот бонус оваа сезона, како награда за добрите настапи во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и пласманот во осминафиналето, јавија денеска локалните медиуми. Интер обезбеди пласман во нокаут фазата во елитното натпреварување, откако по воведните четири кола освои десет […]

Доделени 13-Ноемвриските награди во областа на спортoт


Градскиот сојуз на спортови попладнево на пригодна свеченост во СЦ „Јане Сандански“ ги врачи традиционалните награди „13 Ноември“ што годинава по 53. пат им беа врачени на заслужни спортисти, спортски работници, тренери и организации за остварен врвен спортски резултат и придонес во развојот на спорот во градот Скопје.   Годинашното врвно признание кое се доделува […]

Македонските кошаркарки поразени од Португалија на стартот на евроквалификациите


 Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27). Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки […]

Десет кубански спортисти побарале азил во Чиле


 Чилеанската Влада соопшти дека примила 10 барања за заштита на бегалци од спортисти кои неодамна учествувале на Панамериканските игри во Сантијаго. Вкупно 12 од 412 членови на кубанската делегација се уште се во јужноамериканската земја, соопшти портпаролката на чилеанската влада Камила Ваљехо. Од 20 октомври до 5 ноември во Сантијаго се одржаа натпреварите за спортисти […]