Крвави сцени на Маракана: Полицијата се судри со навивачите на Аргентина пред натпреварот со Бразил (видео)


Бразилската полиција интервенираше против аргентинските навивачи пред јужноамериканскиот квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство во 2026 година. За време на нередите кои избија на трибините на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, полициските службеници мораа насилно да ги смират гостинските навивачи, при тоа беа користени и палки. Во ситуацијата интервенираа играчи од репрезентациите на Аргентина […]

Македонските ракометари ќе „тестираат“ и против Црна Гора пред Европското првенство


 Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, покрај двата закажани контролни натпревари против Грција, ќе одигра пријателски натпревар и против Црна Гора. Натпреварот, како што објави денеска Ракометната федерација на Црна Гора, е закажан за 29 декември на неутрален терен во српскиот град Стара Пазова. По овој дуел, избраниците на […]

На аукција ставени дресовите на Меси од СП во Катар, дел од парите за потребите на деца со ретки болести


Комплетот од шест дресови кои ги носеше Лионел Меси на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе биде продаден на аукција идниот месец, објави аукциската куќа „Сотби“, проценувајќи ја нивната вредност на повеќе од десет милиони долари. На аукција ќе биде ставен и дресот со кој Меси ја подигна светската титула, единствениот трофеј кој му […]

Познати сите 20 репрезентации за фудбалското ЕУРО2024


 Пред денешниот последен натпреварувачки ден во квалификациите во групната фаза познати се 20 учесници на Европското фудбалско првенство кое идната година од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија. Пласман на ЕУРО2024 синоќа обезбедија бранителот на титулата Италија, како и Словенија и Чешка. Трите репрезентации со тоа им се приклучија на Франција, […]

Македонските фудбалери одиграа храбро против Англија и освоија бод


Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Англија вечерва во последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024.   „Црвено-жолтите“ поведоа преку Енис Барди во 41. минута по неуспешниот изведен пенал, но одбиената топка му се врати и тој ја смести во мрежата на гостинскиот голман Џордан Пикфорд.   Англичаните почнаа силно во […]

Мбапе: Во ПСЖ Меси не беше истиот играч како во Барселона


Најдобриот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе раскажа како се променила играта на Лионел Меси по неговото доаѓање од Барселона. – Знаете, фудбалот го диктира своето време, го диктира своето темпо. Ако не се промениш, фудбалот преминува на нешто друго и си заборавен. Дури и најголемите мораа да променат нешто. Играв со Меси и тој, […]

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана


Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби […]

Реал Мадрид ги обвинува Ла Лига, ФИФА и УЕФА за преоптоварување на календарот и повреди на играчи


Реал Мадрид е незадоволен што напаѓачот Винисиус Жуниор и играчот од средниот ред Едуардо Камавинга се повредија додека беа во своите репрезентации, пренесува „Marca“. Мадридскиот клуб за повредите ги обвинува раководството на Ла Лига, Шпанската фудбалска федерација, ФИФА и УЕФА. Претставниците на Реал Мадрид сметаат дека причина за повредите на играчите е преоптоварен календар. Винисиус […]

Англиските навивачи пристигнаа во Скопје, засилено обезбедување во центарот на градот


Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина. Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје […]

Англија последен противник на македонските фудбалери во квалификациите за ЕП 2024


 Со натпреварот против Англија вечер во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година. Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. […]

Ивановски обезбеди пласман на главниот турнир Челинџер во Јокохама


Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама. Ивановски денес го доби мечот Јан Баи од Кина, откако при резултат 1:1 во сетови противникот го предаде мечот. Во првиот сет беше 6:4 за Кинезот, во вториот 7:5 за Македонецот. Во текот на денов по […]

Ѓоковиќ, едноставно, е незапирлив. Синер беше демолиран


  Колку е поголем влогот, толку е поголем настапот на Новак Ѓоковиќ. Ова отсекогаш бил еден од клучните столбови на успехот на Ѓоковиќ бидејќи тој ги освои сите значајни титули толку многу пати, а исто така совршено се покажа во текот на уште една триумфална недела во Торино. Пет дена откако Јаник Синер го одигра […]

Адетокумбо испиша историја во НБА


 Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо го предводеше изминатата ноќ Милвоки до деветта победа сезонава во НБА лигата, поставувајќи воедно рекорд во триумфот над Далас од 132-125. Адетокумбо придонесе во триумфот со 40 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал 16.000 поени, 7.000 скокови и 3.000 асистенции. Ѕвездата на Милвоки влезе во […]

Пораз на македонските фудбалери од Италија


Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва од Италија во Рим со 5:2 (3:0) во рамки на претпоследното 7. коло во групата Ц во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Актуелниот европски првак Италија и се реваншираше на македонската репрезентација за поразот во Палермо во ланските мундијалски квалификации и веќе по првото полувреме на Олимпискиот стадион […]

Нема да се посрамотиме со теренот на стадионот во натпреварот против Англија


Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар со репрезентацијата на Англија. На целиот проект му претходеа интензивни работни активности кои резултираа со исполнување на зацртаната цел- целосна ревитализација на тревната површина, соопшти денеска АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката. -Гостите од странство ќе ги пречекаме […]

Македонските фудбалери вечерва против Италија во евроквалификациите


Македонската фудбалска репрезентација денеска на гостински терен против Италија ќе го одигра претпоследниот натпревар во групата Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски со поразот од Украина (0-2) минатиот месец во Прага ги загубија шансите втор пат едноподруго да играат на континенталниот собир, но и покрај тоа нема да […]

Околу 60 повредени во судирите меѓу навивачи и полицијата во Софија


 Софија – Речиси 60 полицајци и навивачи се повредени изминатата вечер во Софија во судирите по евроквалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Унгарија што се одигра зад затворени врати, објавија денеска бугарските власти. Портпаролката на градскиот Оддел за итни случаи, Катја Сунгарска, информираше дека се повредени 33 полицајци, вклучувајќи „неколкумина со тешки повреди“, како […]

Синер го победи Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфинале


Торино- Пласманот во полуфиналето на Ѓоковиќ зависеше од мечот меѓу Синер и Руне, Италијанецот кој веќе беше пласиран, ја решаваше судбината на српскиот тенисер. Синер вчера со убедливи 6-2 го доби првиот сет, но Руне се врати, со 7-5 беше подобар во вториот сет и изедначи на 1-1. Голема броба се водеше во третиот решавачки […]

Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со фаворитот Италија. – Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и […]

Ѓоковиќ го победи Хуркач но не е сигурен учесник во полуфиналето во Торино


Торино – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Полјакот Хуберт Хуркач во мечот од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1. Триесет и шестгодишниот Србин е на второто место во Зелената група. Хуркач е претпоследен. […]