За голот на Гарначо со ножички ќе се зборува со децении


  Моментот заврши во миг, но прекрасниот гол на Алехандро Гарначо со ножички против Евертон во неделата ќе се памети со децении. Акробатскиот напор на 19-годишното момче го постави Манчестер Јунајтед на патот кон победата од 3-0, но целиот разговор по последниот свиреж беше целосно за овој потег. Тоа се случи во третата минута од натпреварот, откако […]

Високи пласмани на каратистите на „Макпетрол” на светската лига во Португалија


Викторија Јовановска го освои петтото место, а Петар Заборски се пласира на деветтата позиција на турнирот од светската премиер карате лига што се одржа во Матосинхос, Португалија. Претставниците на најтрофејната македонска екипа, „Макпетрол“, се натпреваруваа во борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Јовановска извојува четири победи, а во полуфиналето загуби 0-1 од […]

Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот


Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот 2023 победувајќи ја вечерва Австралија во финалето. Завршниот турнирот се одржа во Малага, Шпанија. На последниот ден од натпреварувањето, Италијанецот Матео Арналди го победи Алексеј Попирин, претставник на Австралија (7:5, 2:6 и 6:4), а неговиот сонародник Јаник Синер го победи Алекс Де Минаур во два сета (6:3 и […]

Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари, но сите зборуваат за голот на Гарначо


Манчестер јунајтед победи на пет од последните шест натпревари во англискиот фудбалски шампионат. Избраниците на тренерот Ерик тен Хаг вечерва го совладаа Евертон на гости со 3:0 во 13. коло. Сепак, она што го одбележа овој натпревар е голот  што го постигна уште во третата минута, Алехандро Гарначо и за кој уште сега се тврди дека […]

Верстапен победи на Големата награда на Абу Даби


 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во последната трка од шампионатот во Формула 1 во 2023 година возена за Големата награда на Абу Даби. Ова е негова четврта победа во кариерата на оваа патека. Шарл Леклер од Ферари заврши на второто место (+17,993 секунди), додека трет беше Џорџ Расел од Мерцедес (+20.328). Севкупно, Верстапен […]

Нереди пред натпревар во Франкфурт, повредени 50 полицајци, настрадаа и редари и навивачи


Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“. На четворица полицајци им била укажана лекарска помош во болница. Покрај тоа има повредени и редари и навивачи. Судирите меѓу навивачите на Ајнтрахт и органите на […]

Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот за прв пат по 1998 година


Репрезентацијата на Италија синоќа во Малага ја победи Србија со 2:1 во полуфиналето на Дејвис купот. Италијанците стигнаа до финалето на турнирот за прв пат по 1998 година. Пред 25 години тие во натпреварот за трофејот загубија од Шведска. Севкупно, италијанскиот тим по осми пат стигна до финалето на Дејвис купот. Тие ја освоија својата […]

ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина


Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплински постапки против Аргентина и Бразил по навивачките инциденти што се случија пред почетокот на дуелот меѓу двете јужноамерикански селекции во квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра во средата на „Маракана“ во Рио де Женеиро, а физичката пресметка меѓу навивачите на двете репрезентации почна по интонирањето […]

Три години од смртта на Марадона – скапоцен, храбар, необичен, легендарен


Марадона беше несреќникот, кој дебитираше за репрезентацијата на 16-годишна возраст, но со 17 години не беше вклучен во националниот тим на Светското првенство 1978, на кое Аргентинците станаа шампиони.  Тој беше умешниот, кој тешко се сопираше на теренот и врз кого беа направени 23 прекршоци на еден натпревар – Италијанците, идните шампиони, само така можеа […]

Стојковиќ ќе ја предводи Србија на ЕУРО 2024


 Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, потврди денеска во интервју за белградските медиуми дека останува на должноста и ќе го предводи националниот тим на Европското првенство идната година во Германија. Изминатиот период се засилија шпекулациите за можно напуштање на селекторската клупа на Стојковиќ, чиј договор со Фудбалската федерација на Србија истекува на крајот […]

Касами тврди дека општината без позајмување ќе најде 10 милиони евра за реконструкција на стадионот


Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами тврди дека општината ќе најде начин да обезбеди 10 милиони евра за реконструкција или градење на нов стадион. Ова го соопшти денес на прес-конференција откако вчера преку социјалните мрежи информираше дека е отворен тендер за реконструкција на објектот. -Општината Тетово преку јавното претријатие Тетово Транспорт го распиша досега најважниот тендер […]

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија


Последниот собир од серијата турнири на светската премиер карате-лига од денес до 26 ноември ќе се одржи во Матосинхос, Португалија, а на него ќе учествуваат и членови на карате клубот „Макпетрол“. Претставниците на најтрофејната македонска екипа ќе се натпреваруваат во дисциплината борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот […]

Франција за Олимпијадата ќе мобилизира 15.000 војници


Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција. Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени […]

Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024


Нион – Во Нион денес беа извлечени паровите за плејофот за пласман на Европското фудбалско првенство 2024. Ждрепката одлучи Велс да игра со Финска, Израел да се соочи со Исланд, а Босна и Херцеговина со Украина. Сите плејоф двојки за ЕП 2024: Лига А: Полска – Естонија, Велс – Финска. Победникот од вториот пар ќе игра […]

Париз не е подготвен за 15 милиони луѓе на Олимпијадата


Градоначалничката на Париз, Ан Идалго процени дека јавниот превоз во француската престолнина нема да може да ги задоволи потребите за време на Олимписките игри во 2024 година, наведувајќи го недоволниот број и фреквенција на возови на одредени места. Градоначалничката на Париз во емисијата Quotidien на каналот TMC изјави дека градот нема да биде подготвен во […]

ФИФА го продолжи договорот со Катар Ервејз


Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го продолжи денеска договорот со Катар Ервејз до 2030 година, со што оваа компанија ќе биде главен авио-превозник за Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико. Финансиските детали не се објавени, но се претпоставува дека договорот е вреден неколку стотици милиони долари. Катар Ервејз во последниот комерцијален циклус на Светското […]

УЕФА му изрече остра казна на ПСЖ


Париз – УЕФА го казни ПСЖ со 98.000 евра поради низата инциденти за време на натпреварот во Лигата на шампиони против Милан (3-0), одигран на 25. октомври, објави денеска раководството тело на европскиот фудбал. Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи дека актуелниот француски шампион мора да плати 75.000 евра казна поради чадни бомби запалени на трибините, […]

Скалони се двоуми дали да ја напушти репрезентацијата на Аргентина


Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по победата над Бразил (1:0) ноќеска во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026 година, навести можна оставка од функцијата. – Сега е време да ја запреме топката и да почнеме да размислуваме. Овие играчи ми дадоа многу и треба многу да размислувам што ќе правам со мојата иднина. Не […]

Меси: Бразилската полиција тепаше луѓе, а на трибините имаше семејства на играчи


 Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ја критикуваше работата на полицијата во Бразил на натпреварот од квалификациите за СП 2026 година одигран ноќеска во Рио де Жанеиро. – Видовме како полицијата тепа луѓе, а многу играчи имаа членови од семејството на трибините. Не можевме да се концентрираме на играта. Слична ситуација се случи овде и во […]

Алкалоид одигра добро, не успеа да го изненади Силкеборг


Екипата на Алкалоид го одигра својот четврти натпревар во EHF Европската лига. Синоќа како гостин во Силкеборг, македонскиот вицешампион одигра меч во кој рамноправно се надигруваше со данскиот состав, на нивни терен, но имаше и еден лош период на почетокот на вториот дел по кој натпреварот доби тек каков што му одговараше на противникот кој […]