Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС


Аргентинецот Лео Меси постигна само еден гол, и тоа од пенал, на петте претсезонски пријателски натпревари на Интер Мајами.

На натпреварот против Њуелс Олд Бојс (1:1), напаѓачот се најде во стартниот состав, одигра 60 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Меси постигна гол само против Ал-Хилал (3:4).

На мечот со Висел Кобе (0:0, 3:4 по пенали) Меси влезе како резерва во 60. минута.
Против Ал-Наср (0:6) на теренот се појави во 83. минута, во пресметката против Ал-Хилал беше стартер и одигра 88 минути. Против Далас (0:1) Меси одигра 64 минути.

Интер Мајами ќе ја започне сезоната во МЛС на 22 февруари со меч против Реал Солт Лејк.