„Можеби никогаш повеќе нема да пеам во живо по операцијата на грлото“, вели Џон Бон Џови


Џон Бон Џови откри дека можеби нема повторно да настапува во живо по операцијата на грлото, велејќи дека не сака да стане „дебел Елвис“ на крајот од кариерата. 62-годишниот фронтмен на рок групата Бон Џови успеа да сними студиски албум по операцијата, но сега призна дека неговиот глас можеби никогаш повеќе нема да има издржливост […]

Хаос на премиерата на филмот: Протести, полиција и тепачки за време на проекцијата (фото)


На премиерата на филмот „Love Lies Bleeding“ во Брисел завладеа хаос, откако низа хомофобични и мизогинистички коментари за време на проекцијата доведоа до масовно излегување, проследено со протести и полициска реакција. Повеќе од 60 квир жени избегаа од регионалната премиера кога проекцијата стана токсична, додека организаторите тврдеа дека имало најмалку три инциденти на физичко насилство. […]

Реквизитерката на филмот „Rust“ е осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката Хачинс


Хана Гутиерез, која беше задолжена за оружје за вестерн-филмот „Rust“, во понеделникот беше осудена на 18 месеци затвор за смртта на кинематограферката Халина Хачинс, која беше застрелана од актерот Алек Болдвин на сетот на филмот во 2021 година, пренесе Ројтерс. Во март, Гутиерез (27) беше прогласена за виновна за ненамерно убиство поради погрешно ставање вистински […]

Калиопи со концерт во Скопје по 15 години, еве кога


Поп-ѕвездата Калиопи се враќа со концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“ по 15 години пауза.  „Македонијо, во истата оваа сала ќе се видиме на мој концерт на 19 октомври“, најави пејачката, синоќа, на концертот на регионалната ѕвезда Жељко Самарџиќ,  со кој минатата година ја објавија песната „Знам“ и која првпат заедно во живо ја изведоа […]

Ултра ВИП влезници за концертот на Лени Кравиц во август во Охрид


Кога се концертите во прашање, во Македонија постои една легенда која многу брзо прерасна во урбан мит, велат од Авалон продукција. А, тоа е: ,,Имало кај нас концерти, ама ниту еден не бил ни приближно добар како оној на Lenny на стадион во Охрид”. Добро, да – имаше нешто необјасниво таа вечер во воздухот и […]

Етичка, одржлива и фер модна индустрија за сите: Fashion Revolution Macedonia слави 10 години


  Глобалното движење Fashion Revolution годинава одбележува 10 години активизам и залагање за етичка, одржлива и фер модна индустрија за сите. Во текот на Неделата на модната револуција што годинава ја одбележуваме од 15 до 24 април, ќе споделуваме со вас добри практики, едукативни материјали и практични вештини за подобра и зелена иднина. Како огранок […]

„Поточиња“ викендов седум пати ја наполнија Филхармонија


Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен интерес и дури седум фестивалски претстави беа потребни за да ги собере сите заинтересирани деца да ги чујат новите детски песни изведени на фестивалот. Публиката не само од Скопје, туку и од цела Македонија ја исполни Филхармонија дури седум пати […]

Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров


  „Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан.      Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорен вокал на Ана, […]

Битола ме тера да пеам – Фестивалот АКТО 19 во чест на Мирко Попов


Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп […]

Почина италијанскиот дизајнер Роберто Кавали


Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.Тој првпат го лансираше својот бренд во 1970 година и разви иновативен процес на печатење на кожа и тексас, градејќи глобален бизнис за мода и начин на живот со неговите иновативни смели животински принтови, џинс и секси фустани. Кавали потекнуваше од семејство на уметници, бидејќи […]

Концерт за три света по повод 5о години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер


Во сабота вечер, на 13. април, во Јавна соба ќе се одржи концерт за душа, за уво и за јубилеј. Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер. На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје […]

Концертна промоција на „Кејф“ – новиот албум на Васил Хаџиманов Бенд


Вечерва во МНТ во Скопје во 20 часот, еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, ќе го претстават својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf). Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ […]

Роберт Патинсон со софистициран изглед во новата кампања на Диор


Роберт Патинсон не е обичен татко, тој е кул татко. Актерот (37) ја покажа својата нова Dadcore естетика во најновата кампања Dior Icons, која беше претставена во средата, на 10 април , прифаќајќи ниво на удобност што може само да се претпостави дека го прифаќа во неговата ера како татко за прв пат. „Приземни и […]

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април


Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, […]

Каролина со концерт во Велес на 27 април


Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, поп-ѕвездата Каролина Гочева – Корубин ќе одржи ексклузивен концерт на 27 април во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”. После распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти овој викенд во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес […]

Новата кампања на Стела Макартни ги покажува последиците од модната потрошувачка


Стела Макартни штотуку ја промовираше својата нова кампања за сезоната Лето 2024, прославувајќи ја најодржливата колекција на брендот досега. Имајќи го тоа на ум, кампањата не води во фабриката за рециклирање Veolia во Јужен Лондон, со цел да ја прикаже „убавината што може да се најде во отпад“, истовремено потсетувајќи нè на опасните ефекти од […]

Зендаја на насловниците на американскиот и на британскиот Вог – гламурозна и полетна


Мрдни се, Бијонсе. Потргни се, Тејлор Свифт. Последната славна личност на која и е доделена ретката чест на две симултани насловни на Вог е Зендаја, со што се зацврсти нејзиниот статус на најбараната ѕвезда во моментов. Тоа е привилегија што им ја даваат на многу малкумина: ја имаше Адел во 2021 година – беше елегантна […]

Сите зборат за тенискиот изглед на Зендаја, еве зошто е модна икона


Рим– Изгледот на Зендаја на премиерата за Challengers беше тотален сервис. Актерката и модна икона и нејзиниот стилист, Ло Роуч, станаа спортисти како тенискиот заплет на филмот, облекувајќи ја Зендаја во архивски зелени изгледи од Луј Витон, фустани со тениска тема Loewe, како и мрежести здолништа. Сега, за фото-сесија во Рим, Зендаја и Роуч навистина […]

Џесика Честејн е новиот глобален бренд амбасадор на накитот „Дамијани“


  Во годината на својата стогодишнина, Damiani  го засилува својот бренд со именување на Џесика Честејн за свој глобален бренд амбасадор. Оскаровката треба да се појави во рекламната кампања на Дамијани за пролет 2024 година, која ќе биде објавена подоцна во сезоната, потег што е синхронизиран со наследството на италијанскиот златар да регрутира познати личности […]

Џенифер Лопез во долна облека како во  „втора кожа“ во новата кампања Intimissimi Silky Intimates


Intimissimi ја претстави својата најнова колекција Silky Intimates со кампања во која главната улога ја има глобалната амбасадорка на брендот, Џенифер Лопез. Направена со препознатливиот ултралесен микрофибер на Intimissimi, колекцијата, дизајнирана во Италија и рачно изработена од занаетчиите за долна облека на брендот, содржи избор на лесни долни алишта со свиленкасто мазно чувство и зголемена […]