СДСМ: Активирана е спиралата за раст на цените на храната


Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата, спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираш, коментира СДСАМ пред најавената седница на Владата на која наводно ќе се преземат мерки за негативните ефекти од растот на цените на горивата. „Започнати се […]

СДСМ тврди дека од растот на цените профитирал „бизнисот на ВМРО“


  Опозициската СДСМ денеска повторно ја прозва владата зошто не реагира за да се спречи порастот на цените кој е резултат од војната на САД и Израел против Иран. „Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо. Спиралата на раст на цените на храната […]

Николоски: Односите со САД се приоритет во надворешната политика


  Вицепремиерот и министер за транспорт ги одреди односите со САД како приоритет во надворешната политика на Македонија, посредно ставајќи ги реалциите со Европската унија во втор план. Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77 Николоски во оваа нова ориентација го додаде и договорт потпишан со Велика Британија и рече: „Тоа се центрите надвор […]

Новата унгарска влада ќе одлучи кој ќе биде премиер на Македонија: Интервју со Ендре Бојтар


  На помалку од еден месец од изборите кои се чекаат во цела Европа резултатот од гласањето во Унгарија на 12 април е крајно неизвесен. Познатиот унгарски новинар и главен уредник на неделникот „Маѓар наранч“, Ендре Бојтар, вели дека разликата меѓу Фидес на премиерот Виктор Орбан и Тиса на опозицискиот лидер Петер Маѓар е помала […]

Безбедносната состојба е стабилна, мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори


Безбедносната состојба во државата е стабилна, но институциите внимателно ги следат глобалните случувања и нивното можно влијание врз економијата, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Мисајловски посочи дека надлежните служби постојано ја анализираат состојбата и подготвуваат извештаи за безбедносните ризици. – Честопати изнесувам само некласифицирани информации. Безбедносната […]

Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми


 Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5, стои во партиското соопштение, […]

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го коментираше новиот извештај на организацијата „Фридом хаус”, кој се однесува за 2025 година и според кој Македонија останува во групата „делумно слободни“ земји кога се во прашање граѓанските слободи и политичките права.   „Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија останува „делумно слободна земја“.    Ако се спореди […]

Македонија останува делумно слободна земја – покажува извештајот на „Фридом хаус“


Северна Македонија останува делумно слободна земја – покажува последниот извештај на „Фридом хаус“ за 2025 година во кој на глобално ниво се оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. Принтскрин: Извештај на „Фридом хаус“ На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени означува неслободна, а 100 поени слободна […]

Кандидатите за ДКСК негираат дека донираат за партија, Клековски не верува ни дека ќе биде избран


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата заедно со членовите на Комисија за селекција денеска спроведе јавни интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Требаше да се престават  пет кандидати, но една од нив, Марија Китанов Катралова, не присуствуваше  и согласно правилникот, нејзината кандидатура беше отфрлена. Најмногу […]

Филипче: Мицкоски во Брисел расправа за глобалните проблеми наместо за Македонија


  Премиерот Христијан Мицкоски се зафатил во Брисел да зборува за глобалните предвидувања, се занимава со војната во Иран, во Украина, со економската перспектива на Европа, наместо да зборува за реформите во Македонија и саглавениот европски пат. Тоа денеска го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција зборувајќи за политиката на владата. „Тој не […]

ВМРО-ДПМНЕ се правда зошто не гласа за електронска нараквица за насилници


  Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска излезе на прес-конференција за да го брани ставот на пратеничката група на најезината партија која гласаше против предлогот да се применат алектронски нараквици за семејни насилници. Оваа тема стана особено чувствителна по трагедијата во скопски Карпош и по убиството на Росица од Велес. Пешевска денеска рече дека ваквата […]

Савески ѝ се заблагодари на Владата што го предложила, очекувал поголема поддршка


  Новиот државен обвинител денеска потпиша свечена изјава и започна со работа велејќи дека е сигурен оти ќе ги задоволи очекувањата на граѓаните за поголема и поправедна правда. Ненад Савески во изјавата за новинарите им се заблагодари неговите досегашни колеги судиите, на Владата што го предложи и на пратениците што го поддржаа и ги дадоа […]

ЕПП бара начини како за надворешните работи во ЕУ да се гласа со квалификувано мнозинство


  Во изјавата од проширениот самит на Европската народна партија (ЕПП) со кој одбележува 50-годишнината од форрањето на групата, се бара преку Лисабонскиот договор да се изнајдат начини како да се носат одлуки за надворешни прашања во Европската унија. „Во сегашниот брутален глобален контекст, ЕУ мора да направи сè што е потребно за да се […]

Влен се обединува како единствен политички субјект


Од коалицијата Влен соопштија дека процесот на обединување влегува во клучна фаза, со како што велат „смели и неповратни одлуки“ за формирање единствен политички субјект. Оттаму велат дека приклучувањето на Алтернатива го зајакнува процесот, кој веќе бил поддржан и од Движењето Беса, Демократско движење и Алијанса за Албанците.  Според Влен, целта е создавање единствена партија […]

СДСМ: „Иницијативата“ е дел од паниката во ВМРО. Шилегов ја најави, а денес се оградуваат од него


  Опозициската СДСМ попладнево одговори на наводите во одредени медиуми дека се подготвувала „Иницијатива“ за да му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ во која наводно биле поранешни и сегашни пратеници на партијата и поранешни функционери. СДСМ оценува дека сето тоа доаѓало од кујната на ВМРО-ДПМНЕ да ја раздроби партијата. „Ги собираат сите што можат да ги […]

Нова „Иницијатива“ ќе му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ?


  На македонската политичка сцена се најавува нова иницијатива чија цел ќе биде да ја обедини опозицијата и прогресивната демократска јавност за да ѝ се спротивстави и да ја урне ВМРО-ДПМНЕ од власта. Дали ќе прерасне во нова политичка партија е неизвесно. Иницијатори, наводно, се поранешни функционери на СДСМ. Според изворите за кои пишуваат повеќе […]

Власта гласаше против контрола на насилниците


Пратениците од парламентарното мнозинство повторно не ги изгласаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија, со кои беше предвидено воведување електронски нараквици за следење на сторителите. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, од собраниската говорница остро реагираше, оценувајќи дека ваквата одлука претставува директна одговорност за идните случаи […]

Вајц ги повикува политичарите во Македонија да престанат со нападите врз правосудството


  Додека пратениците од власта си прават политички пи-ар во Собранието плукајќи врз работата на обвинителите во државата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предложи амандман со кој јасно им покажа каде го гледа проблемот околу правдата во Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ не ја вадат од уста.    Имено, во еден од амандманите Вајц […]

Николоски ја обвини Шекеринска дека со судска пресуда сакала да го укине ВМРО-ДПМНЕ


  Жестока вербална престрелка се случи во Собранието меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на расправата за избор на нов јавен обвинител, наследник на Љупчо Коцевски. Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри. „Претходниот обвинител не решаваше предмети, не постапуваше и ги […]

Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕПП


Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Драган Ковачки и Стефан Андоновски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија во Брисел, кој ќе се одржува во наредните два дена. На Конгресот се очекува присуство на високи европски функционери, меѓу кои претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот […]