Спасовски: На државата во овој момент не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори
На државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори заради тоа што граѓаните веќе се изморени од избори, речиси секоја година, а очекуваат многу повеќе да се сработи на економски план. Ова е ставот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како одговор на новинарско прашање за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. – Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на […]