Николоски смета дека се води капитулантска политика кон Бугарија


Тоа што го видовме денес од изјавата Димитров, јасно покажува дека СДСМ и Владата имаат јасна намера да направат национално предавство во однос на Бугарија и тоа е нешто што загрижува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес, при што додаде дека Македонија има изгласана Резолуција и владата не смее да бега од неа.

– Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ и ДУИ ја гласаа, рече Николоски.

Тој посочи дека постојат големи сомнежи власта да не ја почитува Резолуцијата од причина што едно од барањата е секаков договор да дојде на разгледување во Собрание, а Владата бега од таков дијалог.

– Гледаме дека Владата тивко ретерира од таа работа, а исто така гледаме сервилност. На пример Слави Трифунов целосно го навредуваше македонскиот народ, јас побарав да има реакција од МНР и  тоа не се случи, а таа човек чија партија е втора партија во рамки на бугарската влада, потенцираше Николоски.