Мета: Сите Албанци, каде и да се, да помогнат да надвладее правната држава


Егзодусот на младите од регионот, особено од Албанија, кај мене предизвикува голема загриженост, но ова е конкретен факт. Најголем проблем е заминувањето на најинтелектуалните и најкреативните сили, најмладите, но за жал и најквалификувани, што ја зголемува нашата одговорност за да им дадеме на младите една иднина, една можност во Албанија, Косово и Северна Македонија и […]

МНР демантира дека има некаков нов договор, анекс или дополнителен текст на постоечкиот Договор со Бугарија


Министерството за надворешни работи (МНР) ги демантира информациите за нов договор, анекс или каков било дополнителен текст на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Република Бугарија. -Министерството за надворешни работи ги отфрла ваквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики. Односите меѓу Република Северна Македонија и Република […]

Седницата за избор на нова влада во сабота


Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11 часот. Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа. -Денеска, мандаторот […]

Битола доби двајца министри, СДСМ остана без пратеник од градот


  БИТОЛА – Битолчани како никогаш досега добија две министерства во новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски. Битолските социјалдемократи добија министерство, но во исто време останаа без ниту еден пратеник. Сега градот го претставуваат двете пратенички од ВМРО-ДПМНЕ. Позитивни се првичните оценки во политичката јавност во Битола откако Битола доби двајца министри во новата влада […]

Посетата на Петков на Скопје се одложува откако замина во изолација


  Поради тоа што е во самоизолација бугарскиот премиер Кирил Петков нема да допатува во Скопје на 18 јануари како што беше планирано. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштија дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога. Премиерот Петков и претседателот Румен Радев заминаа […]

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа


Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. -Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од […]

Борисов смета дека Радев му ги врзал рацете на Петков


Екс премиерот на Бугарија и лидер на партијата, ГЕРБ, Бојко Борисов,  излезе со коментар по вчерашната средба на Советодавниот совет за национална безбедност. Како што оценува тој, средбата била сосема непотребна, но сепак, на неа претседателот на државата, Румен Радев, му оневозможил каков било маневарски простор на премиерот Кирил Петков, пренесува „Труд“. „Договорот за добрососедство […]

Кои се новите четири министерки на СДСМ?


  Една повратничка во политиката, една „челична леди“ со искуство од машкиот ресор МВР, една пратеничка која ризикуваше кривична пријава за да го спаси кворумот во Собранието и една струмичанка со големо искуство во ресорот што ќе го води во новата влада – тоа  се четирите нови министерки на СДСМ кои се најдоа на списокот […]

Мета и Пендаровски повикаа на одблокирање на пристапните преговори за ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Северна Македонија и Република Албанија, […]

Мицкоски гледа само чувари на заевизмот и послушници


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за „Дојче Веле“ околу  составот на новата Влада оцени дека во неа се наоѓаат истите ликови чии политики биле поразени на последните локални избори, но и ликови кои воопшто не се впечатливи, додавајќи дека на овие позиции се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. „Во оваа […]

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија


Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес, и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес, и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета. Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој […]

Радев не го смени тонот, Македонија не исполнила ништо (ВИДЕО)


  Четири години по потпишувањето на договорот од 2017 година, Северна Македонија не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските, оцени  претседателот на Бугарија, Румен Радев, по речиси петчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност. Како главно, тој порача дека давањето согласност за […]

СДСМ ќе има четири министерки, се враќа и Славица Грковска


  Централниот одбор на СДСМ вечерва ги одреди кандидатите за министри во новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски. Нема изненадувања околу имињата. Министерка за одбрана треба да биде пратеничката Славјанка Петровска, која во техничката влада беше заменик-министер за внатрешни работи. Сегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, си оди од функцијата со признание за нејзиното лидерство […]

Лазаров за Бугарија: Стратешко партнерство се заслужува, не се наметнува


Недостигот на разбирање и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија негативно влијаат врз деловната клима и трговските односи меѓу двете држави. Потребен е развој на економијата, проекти и инвестиции кои ќе го поплочат патот на политиките за полесно да дојдеме до решение, смета претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров. Во интервју за „Локално“, Лазаров […]

Започна средбата кај Радев, Џамбаски се заканува дека владата „ќе падне“


Започна средбата на Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија посветена на односите со Македонија и ветото за започнување на преговори со Европската Унија. Во исто време претставници на ВМРО се собра пред зградата на Претседателството и протестираа против можната промена во бугарската позиција. Се очекува на средбата да се  потврди дека Бугарија нема да […]

Франција ќе ја следи временската рамка на Софија околу блокадата


  БРИСЕЛ – Висок дипломатски извор за МИА денеска објасни дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. На прашање дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Северна Македонија […]

Седници на највисоките раководни тела на СДСМ за составот на новиот владин кабинет


Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада. Како што потврдија од СДСМ за МИА, седница на Извршниот одбор е закажа за 18 часот, по што во 20 часот ќе […]

Партијата на Каракачанов се заканува со референдум ако Петков попушти пред Македонија


Бугарската националистичка партија  ВМРО-БНД повика на мирен собир денес додека заседава Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) кој ќе расправа за Македонија.  Од партијата предупредија дека ако бугарските власти им го свртат грбот на националните интереси поради деловни зделки со Скопје, партијата ќе почне процедура за национален референдум по тоа прашање. Како што соопштија од […]

Ќе му се врзат или одврзат рацете на Радев на денешниот состанок во Софија?


  Средбата со Радев за Скопје ќе биде првиот тест за надворешната политика на новиот бугарски премиер Кирил  Петков и за неговите односи со претседателот Румен Радев,  оценуваат локалните медиуми во Бугарија.   „Денови пред потврдената посета на премиерот Кирил Петков на 18 јануари, овој чекор е важен бидејќи ќе зависи дали Бугарија ќе може да […]