Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека нанесуваат штета на ДУИ


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вчеравечер на социјалната мрежа Фејсбук објави видео со изјави на високи претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.

– Со години во постојани напори различни актери се обидуваат да ѝ нанесат штета на ДУИ, како и да ја користат за оставрување за нивни цели во секојдневните партиски политики, напиша Али Ахмети.

Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово, се вели во париското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција. Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе, истакнуваат од партијата.