Ахмети: Заев ја ризикува политичката кариера, но директно ги кажа нештата


Претседателот на Демокрaтската унија за интеграција Али Ахмети коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот медиум БГНЕС истакна дека кај него има добра волја за да се реши бугарското прашање, што е многу важно за иднината на нашата земја за отворањето на преговорите за интеграција во Европската унија. Тој смета дека премиерот Заев …

Ахмети: Заев ја ризикува политичката кариера, но директно ги кажа нештата Read More »

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности


Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, вели Владо Бучковски универзитетски професор, кој е поранешен премиер и екс-претседател на СДСМ. – Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто …

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности Read More »

Николоски: Срамот на Заев не треба да стане колективен срам


    Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини и да се повлeче од изјавите кои претставуваат удар на темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, тој уште подлабоко навлегува во небулози и навреди кон својот народ, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Според него, Заев …

Николоски: Срамот на Заев не треба да стане колективен срам Read More »

Спасовски: Куманово е ослободено од борците против фашизмот


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека фактите оти македонскиот народ ја остварил својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, оти АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет, дека нашата државност се заснова на антифашизмот, како и дека земјава била ослободена од македонските борци од НОБ се неспорни и тоа не може да биде доведено …

Спасовски: Куманово е ослободено од борците против фашизмот Read More »

Русковска за сведочењето на Заев: Обвинетите не се мали деца да ги манипулираат


По денешното сведочење на премиерот Зоран Заев за настаните од 27 април 2017 година, со кое тој се посомнева дека биле организатори на нападот обвинетите политичари во случајот, со исклучок на неговиот претходник Никола Груевски, обвинителката  Вилма Русковска  изјави дека нема намера да го повлекува обвинението бидејќи Заев не само што не понудил докази, туку …

Русковска за сведочењето на Заев: Обвинетите не се мали деца да ги манипулираат Read More »

Радев: Ќе биде грешка ако се потпише нова декларација на желби


Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека би била голема грешка ако премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев одиграат некаков театар и потпишат нова декларација на желби, како што е Договорот за добрососедство од 2017 година, без јасни критериуми и механизми за верификација, јавува БГНЕС. Како што пренесува медиумот, Радев порачува дека Бугарија има голема желба …

Радев: Ќе биде грешка ако се потпише нова декларација на желби Read More »

Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски


Градоналаникот на Центар, Саша Богдановиќ, верувадека се искрени намерите на екс претседателот Бранко Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии. -Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои …

Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски Read More »

Нешков: Интервјуто предизвика земјотрес во Скопје


Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервју во Република Северна Македонија. Такво обединување на длабоката држава, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година, изјави  авторот на интервјуто со премиерот Зоран Заев, Љубчо Нешков. Нешков истакна дека Зоран Заев се дистанцирал од кампањата против Бугарија, …

Нешков: Интервјуто предизвика земјотрес во Скопје Read More »

Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април


Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски. -Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, …

Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април Read More »

Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентите, ни од европската иднина


Прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот …

Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентите, ни од европската иднина Read More »

ЛДП бара средба на коалициските партнери по ветото и интервјуто на Заев


 ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС. По одржаниот состанок во партијата, ЛДП излезе и со други заклучоци: – ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, …

ЛДП бара средба на коалициските партнери по ветото и интервјуто на Заев Read More »

Мицкоски најави покренување расправа за доверба на Владата


Мора да се водиме од фактичка ситуација во смисла на историски факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и …

Мицкоски најави покренување расправа за доверба на Владата Read More »

Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош


Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на …

Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош Read More »

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија


Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“, пишува денес „Дојче Веле“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите …

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија Read More »

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината


Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, а кои предизвикаа реакции во јавноста. Заев вчера одговараше на новинарски прашања по реакциите кои ги предизвика неговото …

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината Read More »

Заедничко интервју на Рот и Димитров


Германското претседателство со ЕУ е во секојдневен близок контакт со Северна Македонија и Бугарија во потрага по решение за спорот кое би го отворило патот за почеток на пристапните преговори во декември годинава, вели за Ди Велт германскиот министер за Европа Михаел Рот. Тој и вицепремиерот Никола Димитров дадоа заедничко интервју за денешниот број на весникот Ди Велт во кое ги …

Заедничко интервју на Рот и Димитров Read More »

Захариева пак тврди дека имаме ист јазик


Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервјуто за “Ефе”, кое го пренесува БГНЕС, оценува дека односите меѓу двете соседни земји треба да наликуваат на односите кои денес ги имаат Шпанија и земјите од Латинска Америка. “Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик, не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден …

Захариева пак тврди дека имаме ист јазик Read More »

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев


По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ. -Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата …

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев Read More »

Реакција на СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, Црвенковски е историја


Социјалдемократскиот сојуз попладнево официјално реагираше на обраќањето на поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, велејќи дека ставовите на Зоран Заев биле ставови и на партијата. Но во реакцијата, нема остра критика на барањето на Црвенковски итно да се свика Централниот одбор и се нагласува дека партијата „и натаму ги почитува и ќе ги почитува сите …

Реакција на СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, Црвенковски е историја Read More »

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев


Во врска со вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција (БГНЕС), ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја, наведено е во соопштението. Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, …

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев Read More »