Партиите во „војна“ за парите


ЛДП И ДОМ остро реагираат кон власта и опозицијата со поднесени амандмани за отворените листи за престојните локални избори.

-За нас е неприфатлив предложениот праг од 2 проценти за независни кандидати на локалните избори и нашиот предлог е прагот да изнесува 0.5 проценти. Само така ќе се овозможи олеснето вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, реагираат ЛДП и ДОМ.

Амандманите на двете партии ги поднесоа   пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.

– Ние за отворените листи бараме наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на избирачкиот список да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови или пак воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на изборниот законик ги фаворизира големите партии така што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата. За нас е тоа некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба 4 те големи партии од власта и опозицијата, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.

Тие додаваат дека за сите други помали политички партии што не се дел од пратенички групи во Парламентот и за независните кандидати се наменети само 10 проценти од средствата. Затоа, пратениците од двете партии предлагаат распределба според која 35 проценти од сретствата ќе бидат за  двете најголеми партии на власт, 35 проценти за двете најголеми опозициски партии и 30 проценти за политичките партии  што се помали и немаат пратеничка група во парламентарните партии или се  независни кандидати.

Тие велат дека доколку власта и опозицијата сакаат демократски локални избориамандманите треба да се прифатат во целост.