Честитки од сите страни за автокефалноста на МПЦ-ОА


  До пред извесно време тешко можеше да се претпостави дека Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, ќе стане историски ден не само за македонските верници, туку и за целата држава Македонија. Дека токму на тој ден Српската православана црква ќе ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За овој […]

(Видео) Пендаровски на панел за безбедноста во Европа на Форумот во Давос


Проследете го учеството на претседателот Стево Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Покрај Пендаровски, на сесијата учествуваат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.  

Дендиас утре во посета на Скопје


Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Северна Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе разговара со неговите домаќини во Скопје, јави […]

Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа


Проширувањето на Европската унија е клучно за просперитет на регионот и на Европа, истакнале премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги на денешната средба во Рим. На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката […]

Зоран Заев упати честитки за автокефалноста на МПЦ-ОА


  Поранешниот премиер Зоран Заев меѓу првите се јави за да честита на одлуката на СПЦ да ѝ одобри автокефалност на МПЦ-ОА од заедничката литургија на двајзата поглавари во Соборниот храм во Скопје. Тој го нарече ова „историски ден“. Во објавата на Фејсбук Заев напиша: „Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија заедно одлучивме […]

„Дневник“: „Позицијата“ за македонското прашање е тумор што ги убива Бугарите


Кога бев мал, често слушав од возрасните околу мене дека нешто било „неразбирливо како Индија“ и  „комплицирано како македонското прашање“. Оттогаш помина долго време и се покажа дека Индија не е толку тешка да се разбере. Но, другото прашање и понатаму е комплицирано, иако одамна не сум ја слушнал фразата „македонско прашање“. Можеби не сум […]

Пендаровски на панел за безбедноста во Европа на Форумот во Давос


Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, ќе учествува на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“. Покрај Пендаровски, на сесијата ќе се обратат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен. Утре, шефот […]

Втор ден од посетата на владино-црковната делегација на Рим, оддавање почит пред гробот на Св. Кирил и средба Ковачевски – Драги


Италија– Владино-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ќе одаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил. По посетата на базиликата […]

Ковачевски и Петков се сретнаа за да заклучат дека работите се заглавени


  Нема ништо што би можело да се каже дека односите меѓу Бугарија и Македонија се помрднаа од замрзнатата точка во која повторно западнаа последните месеци и по денешната средба на двајцата премиери Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Рим. Тие се сретнаа за време на чествувањето на браќата Кирил и Методиј и заклучија дека […]

 Петков сака консензус со опозицијата за Македонија


„Ќе бидам многу благодарен ако претседателот го свика Консултативниот совет за сигурност (КСНС) бидејќи од последната средба поминаа 6 месеци – не само меѓу коалицијата, туку и со  опозициските партии. Оттогаш се случија многу работи, имаше многу разговори, имаше многу различни предлози, имаше многу различни светски лидери кои го кажаа својот пристап на оваа тема, […]

Пријателите на Борисов и на ВМРО-ДПМНЕ ја шират бугарската пропаганда во ЕП


  Гласањето за резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент ги откри подземните политички игри околу спорот на Македонија и Бугарија. Покрај фактот дека известувачот Илхан Ќјучук ги поддржал амандманите на Групата на конзервативните и реформистички партии (во која припаѓа бугарското ВМРО  што во ЕП го преставува Ангел Џамбаски и други парламентарци), во одбрана на бугарската […]

Олаф Шолц доаѓа на Балканот најмногу поради Берлинскиот процес


  Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе биде на балканска турнеја околу 10 јуни, а таа ќе биде главно насочена кон подобра подготовка на самитот на Берлинскиот процес, кој веројатно ќе се одржи во август. Шолц во Белград би требало да биде на 10 јуни, јавува Дојче веле. Освен Белград, Шолц ќе оди и во Приштина, […]

Петков: Големите умови ја нарекуваат Бугарија „културно чудо на Словените“


Вториот ден од официјалната посета на Рим, бугарскиот премиер Кирил Петков се поклони пред моштите на Свети Кирил и Методиј во базиликата Сан Клементе. „Како премиер, му оддавам почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј и ве повикувам  да се потсетиме и да го чуваме нивниот завет. Азбуката што ни ја дадоа светите […]

Радев го предупредува Петков


„Колку повеќе владата се придржува до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени од Националното собрание и последниот Консултативен совет за национална сигурност, колку повеќе ги слуша Бугарите во нашата земја и во Република Северна Македонија, колку поодговорно се однесуваме како  членка на Европската унија и  се придржуваме до вредностите на Унијата, толку полесно ќе […]

Петар Колев очекува промена на однесувањето по средбата во Рим


Бугарското општество изгубило доверба во  потпишувањето договори со Македонија, тврди Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз во Македонија. Тој  наедно ја критикува „неодамнешната тактика на РСМ да бара опции за решавање на семејните проблеми преку притисок од надвор“. „Македонската политичка елита не може да му објасни на македонското општество одредени реалности од блиското минато. Луѓето кои […]

Ковачевски се сретна со папата Франциско


  Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата што е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост папата Франциско.  Ковачевски имаше тет-а-тет средба […]

Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето


Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите, јави дописничката на МИА од Брисел. На дневен ред е првично Украина, финансиската и хуманитарната помош од ЕУ, енергетските и прехранбените последици за Европа […]

Продолжение на 71. собраниска седница, на дневен ред важни закони и извештаи


Републичкото Собрание денеска треба да одржи продолжение на 71. седница, на чиј дневен ред се Годишните извештаи за 2021 година работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права […]

На Александар Николоски групата со Албанија, Украина, Босна, Грузија не му е симпатично друштво


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, повторно се навраќа на својата поранешна теза дека Бугарија не е главен виновник за блокадата на Македонија во ЕУ, туку дека тоа бил параван за неколку моќни земји-членки на ЕУ нашата земја да ја држат настрана од Унијата. Главната вина била дома и затоа некои земји сметаат дека Македонија […]

Кирил Петков веќе никој не сака да го слуша за Македонија


  Позицијата на бугарскиот премиер Кирил Петков во бугарската политика, барем што се однесува кон Македонија, изгледа остана целосно осамена. Па дури и кога тој се приклучи на фонот на мнозинството политичари, кои не сакаат ни да разговараат да се симне ветото ако Скопје не ги исполни сите барања на Софија. Вчерашната „молба“ испратена преку […]