ВМРО-ДПМНЕ со вувузели сакаше да го замолчи Ковачевски во Собранието (Видео)


Фото: Б. Грданоски

 

Речиси сите пратеници на опозицијата се обидоа да го спречат премиерот Димитар Ковачевски да образложи зошто тредба да се прифати францускиот предлог за симнување на бугарското вето дувајќи во вувузели и свирчиња и правејќи неподнослива бучава во пленарната сала. Ковачевски едвај можеше да се слушне во директниот пренос на Собранискиот канал, а од она што можеше да се разбере тој реќе дека ова е извонредна шанса за државата да оди напред и дека никој не успеал ниту да го асимилира македонскиот народ, ниту да го поништи македонскиот јазик. Ковачевски им предложи на пратениците да биде прифатен францускиот предлог. 

Претходно, имаше вербален дуел меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој излезе на говорницата без да му биде даден збор. Откако беа разјаснети членовите на Деловникот, Крмов излезе на говорницата и во гневна дискусија зборуваше: „Јас сум пратеник, имам имунитет и никој не смее да ме пипне“. Повикувањето на функционерството е спротивно од антиестаблишментското пледоаје на Левица.