Г.Г. Стефан за „Политика“: Отворената рана сега е излечена


Ја користам оваа можност да се заблагодарам за сета помош и поддршка на српската држава на македонската, за подадената рака во овие времиња полни со искушенија, започнува интервјуто на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Стефан за белградскиот весник „Политика“, во кое говори за заедничките литургии со Српската православна црква (СПЦ) во […]

Новите амбасадори утре пред собраниската Комисија за надворешна политика


Собраниската комисија за надворешна политика за утре закажа седница за претставување на платформите на неколку нови амбасадори на Северна Македонија во странство. Пред членовите на Комисијата утре е предвидено своите тези за дипломатските активности да ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во САД Зоран Попов, новиот амбасадор во Канада Агрон Буџаку, амбасадорот […]

Бугарски историчар тврди дека Вапцаров бил стрелан „според законот“


  Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев во гарнизонското стрелиште во Софија, каде што на 23 јули 1942 беа егзекутирани Никола Вапцаров, Антон Попов и четворица други бугарски комунисти, и положувањето цвеќе во еден дел од бугарската јавност се претвори во дебата за законитоста на смртната казна донесена од тогашниот режим. Вапцаров и Попов, членови […]

Мицкоски повторно на средба со Орбан


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан. На средбата се разговарало за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакнал ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа […]

На Мицкоски сега не му чинат ни албанските опозициски партии


  Во нова фаза влезе потрагата во сојузници или противници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Во неочекуван напад кон Алијансата за Албанците и Беса по почнувањето на преговорите со ЕУ и размислувањето за организирање референдум Христијан Мицкоски денеска ги обвини двете партии дека биле со власта и дека не можат да се идентификуваат како опозиција. „Секој […]

Специјална војна на Википедија против Пендаровски и Ковачевски


  Интернет енциклопедијата стана место за специјална војна против врвните македонски функционери. Вчера тоа беше направено со Бујар Османи, кој беше напишан како „Бугар Османов“, а денеска на тој говор на омраза се додадени и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Сето тоа е резултат на прифаќањето на преговарачката рамка  и почетокот на преговорите […]

Јакимовски : Мицкоски и асистира на власта во предавството на Македонија


Градоначалникот на Карпош и првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вели дека власта не прави фарса во однос на политиките кои ги води на државата, кои според него се предавнички особено со договорот со Бугарија. Она што е интересно е што фарсата е кај опозицијата, односно кај Христијан Мицкоски и опозицијата бидејќи  според Јакимовски тој […]

Македонското МНР реагира на злонамерното мешање на Лавров


Во врска со интервјуто на шефот на руската дипломатија  Сергеј Лавров во кое се споменува  Македонија во неприфатлив контекст,реакција испрати македонското МНР. Во неа стои: „Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија. Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за […]

Бујар Османи стана Бугар Османов на Википедија


Непознат администратор во текот на денов ја менуваше содржината на англиската страница на Википедија на министерот за надворешни работи и на местото на неговото име, Бујар Османи, пишуваше Бугар Османов.   Кратко време на страницата покрај сликата пишуваше „Бугар Осамени“.  

Протоколот – грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија


  За партијата Левица Протоколот  што го потпишаа Макеоднија и Бугарија е грубо мешање во внатрешните работи на нашата држава. Во реакцијата денес на оваа партија стои:    „Иако поминаа неколку дена од потпишувањето на Протоколот на Македонија со Бугарија, многубројни се сите инстанци на негативни “придобивки”, кои тој ги носи за Република Македонија. Од […]

Селаковиќ: Отворивме конзулат во Охрид за да покажеме почит кон македонскиот народ и јазик


 Со отворањето на нашиот Конзулат во Охрид покажуваме почит кон македонскиот јазик и култура и кон братскиот македонски народ, изјави денеска во Охрид министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ. – Нема култура без јазик. Минатата година Македонија ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во знак на почитување кон тој голем јубилеј […]

Костадиновска Стојчевска: За јазикот не преговараме


Ставот на Владата е конзистентен, а тоа е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме, што значи дека нашиот јазик е заштитен, изјави денеска во Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. -Она што јас можам да ви го кажам, не сакам да коментирам ставови на други држави. Но, сакам да го искоментирам  на Република […]

Стоилковски: Владата да не бега од референдум ако постигнала успех


Стоилковски: Владата да не бега од референдум, ако навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие, порача денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.  „Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива […]

Лавров ја оцени како разумна одлуката за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград. – Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна […]

Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на Софија за македонскиот јазик


Во посебна позиција, бугарските членови на Клубот за бугарско-македонско пријателство го изразуваат својот став за документот на бугарското Министерство за надворешни работи, во кој експлицитно се нагласува дека Бугарија продолжува да не го признава македонскиот јазик, јавува дописникот на МИА од Софија. Според нив, ваквата декларација непотребно го усложнува и го попречува процесот на зближување […]

Маричиќ: Последните 5 години нема купување гласови во Собранието


„Нашето Собрание усвои заклучоци кои даваат јасна рамка на дејствување дека ништо поврзано со јазикот, нашиот македонски јазик идентитетот и културната посебност, обележјата на еден народ нема да биде под прашање доколку тоа се отвори во кој било момент. Ние секако дека за тоа ниту ќе разговараме, ниту имаме намера да преговараме, ниту пак тоа […]

Џафери побара од пратениците да ги откажат сите службени и приватни патувања


Оа кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери испратија соопштение по прекинот на седницата и ургентно свиканата координативна средба на лидерите на партиите од владеечката коалиција.  Според соопштението, Џафери побарал пратениците да работат тоа за што ги плаќаат граѓаните, а политичките разлики да ги решаваат на друго ниво, а не во парламентот. Тој наедно им […]

Мицкоски најави засилување од „слободномислечки“ пратеници против уставните промени


И покрај пораката од власта дека не прифаќа референдум, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од иницијативата што ја нарече – приоритет над сите приоритети. „Цениме дека ако е мудра власта и ако навистина го цени мислењето на граѓаните, бидејќи  суверенитетот потекнува од нив, дека ќе го почитува нивното барање да се одржи  референдумско изјаснување, изјави […]

Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието


Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-та седница со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата, бидејќи во салата присуствуваа само 53 пратеници од потпишани 85. Џафери ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство во 13 часот да се состанат кај него во Кабинет и да се договорат како […]

Литературниот македонски јазик е наддијалектен, вели Советот за македонски јазик


  Советот за македонски јазик при Владата денеска испрати соопштение во во кое елаборира како дошло до стандардизација на македонскиот литературен јазик врз основа на централните говори од западното наречје. Според Советот, „македонскиот јазик е словенски јазик што спаѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален […]