Ковачевски: На луѓе без домашно воспитување не им помагаат никакви институции


  Премиерот  Димитар Ковачевски , одговарајќи на пратеничко прашање зошто власта и СДСМ бегаат од референдум, им порача на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ дека треба да се срамат за она што го правеа на пленарната седницата на која се гласаше за заклучоците за преговарачката рамка на Европската унија.   „ Јас немам  проблем  да […]

Расправата за референдум е хипотетичка, вели Талат Џафери


  Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите рече дека е преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог.  „Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација“, истакна тој. Зборувајќи за немањето кворум во парламентот и активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери изјави […]

Јакимовски: Референдумот на Мицкоски 102,6 отсто ќе биде неуспешен


  Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, кој воедно е и претседател на ГРОМ, партија која одлучи да излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на ТВ21, тврди дека иницијативата за референдумот е само обид Мицкоски да се испере пред народоот. Како што вели тој Мицкоски бил таен предавник во прифаќањето на францускиот предлог.   -Потполно […]

Со новиот закон за Армијата се става крај на партиските дејствувања


Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата.Овие измени и дополнувања обезбедуваат придобивки за припадниците на Армијата, a пред се зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари. Исто така, професионалните војници стекнуваат право на исплата […]

Пендаровски предлaгa референдумско прашање: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“


 Претседателот на државата Стево Пендаровски предлага доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“. Пендаровски ова го изјави во интервју за неделникот „Фокус“. -Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и […]

Македонските пратеници го поддржаа приемот на Шведска и Финска во НАТО


Без било каква дискусија, со 103 гласа „за“ и со двајца „против“ го изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за Шведска и за инска, со што Македонија практично даде зелено светло овие две земји да станат членки во алијансата.  Против гласаа двајцата пратеници на Левица, но сепак одлуката ја покажа […]

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот британски амбасадор, Метју Лосон


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниотамбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. На свечената церемонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога […]

Државниот врв и дипломатскиот кор на ратификацијата за Финска и Шведска


Собранието на Македонија, денеска  ќе  одржи  седница, на чиј дневен ред, меѓу другите, се точките за ратификација на протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. На оваа седница, пратениците ќе се изјаснат за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска […]

Гир: Почна одбројувањето до влезот во ЕУ


Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Северна Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва […]

Ни денес немаше услови за гласање во Собранието


Пратениците ниту денеска не гласаа по точките од дневниот ред на пленарна седница. За разлика од претходниот ден кога немаше кворум, денеска немаше мнозинство. Пратеникот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов го дијагностицираше проблемот со немање кворум за работа. Според него, Алтернатива го условува кворумот со функции во извршната власт и за местото потпретседател на Собранието. Но, […]

Агенција за разузнавање: Чулев не доби отказ, туку е суспендиран


Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата за разузнавање, тој од 8 јуни 2022 е суспендиран од работа, се вели во одговорот на Агенцијата  во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем. – На 8.6.2022, […]

Чулев: Власта ме прогонува, не сум веќе дел од безбедносниот систем


Некогашниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев информираше дека по повеќе од 20 години не е веќе дел од безбедносниот систем на државата.Тој на социјалните мрежи го искажа својот став, упати критики дека власта на СДСМ удира по професионалнице и ја уништува државата.   „Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт […]

Османи му го кажа референдумското прашање на Мицкоски


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја стави денес под знак прашалник логиката за одржување референдум за преговорите на Македонија со ЕУ, освен ако, според него, прашањето не е – дали треба да бидеме членка на Евроазиската унија.  „Освен ако референдумско прашање не биде ‘дали сте против ЕУ со македонски јазик во неа’ не гледам […]

Османи: Бугарија испратила изјава за јазикот уште во 2018 година, но никој не кажал


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откри денес на прес конференцијата со португалскиот шеф на дипломатијата Гомес Кравињо дека  Бугарија уште во 2018 година испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик во ОН, но јавноста воопшто не била известена за тоа. Според Османи таа немала никакво правно значење и не влијае на статусот на јазикот, дотолку […]

На собраниска комисија ратификувани Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО


На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беа усвоени Предлог-законите за ратификација на Протоколите кон Северноатлантскиот договор на Кралството Шведска и Република Финска. Поддршка за зачленувањето на двете скандинавски земји кон НАТО дадоа пратениците и од власта и од опозицијата, оценувајќи дека станува збор за две пријателски земји кои отсекогаш и давале поддршка на […]

За Кравињо спорот со Бугарија е решен, не очекува повторно блокади


Португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо, не очекува билатералниот спор на Македонија и Бугарија повторно да ескалира во текот на преговорите со Европската унија бидејќи, според него, ова прашање е заокружено, даден е збор и тој очекува земјата партнер во ЕУ (Бугарија) да го исполни тоа што потпишала.  -Од суштинско значење во меѓународната политика […]

Македонија конечно ќе прати амбасадор во Вашингтон


Денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ќе бидат сослушани новоименуваните амбасадори кои  треба да заминат во Вашингтон, брисел, Отава, Осло и Братислава. Пополнувањето на амбасадорското место во Вашингтон доаѓа по четири години домашно лицитирање околу тоа кој ќе ја извршува оваа значајна дипломатска функција, при што целиот тој период Македонија беше без амбасадор кај […]

Протоколите за прием на Финска и Шведска во НАТО во македонското Собрание


Протоколите за пристапување на Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе влезат во собраниска процедура во Собранието на Северна Македонија денеска, а ќе се очекува да бидат ратификувани оваа недела. Во вторник е закажана седница на матичната собраниска комисија за надворешна политика, а пленарната седница на која ќе се гласаат протоколите за влез на […]

Вархеи до опозицијата: Палењето документи во Собранието беше преминување на црвената линија


  Ова е момент за отрезнување за Македонија, но и за опозицијата. „Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, изјави денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за „Еурактив“. Вархеи вели дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме […]

Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо во посета на Скопје


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомес Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, […]