Генчовска испрати протестна нота до Македонија


Бугарското МНР упати нота до Северна Македонија поради бројните манифестации и пароли насочени против Бугарија во последните денови, информираат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Се изразува длабока загриженост за она што се случува, што е и одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји. -Особено загрижувачки е што […]

Опозицијата брифира: Заклучоците за францускиот предлог ќе поминат во Собрание


Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за францускиот предлог кои, според очекувањата, треба лесно да поминат на пленарната собраниска седница, бидејќи со нив македонската влада ќе добие задача како да се однесува, но не и да смени нешто во  преговарачката рамка за која во Брисел не постои расположение да се отвора.  Собранието, според она што […]

Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог


Поддршката за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски. Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија. […]

МНР: Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот


Министерството за надворешни работи соопшти дека во јавноста повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.   -Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој […]

Чешка сака кандидатите за ЕУ да имаат предности, а не само титула


Чешка, која го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на јули, активно размислува за подобрување на процесот на проширување, а еден од фокусите, според официјалните претставници во Прага, е да му даде на кандидатскиот статус некои предности, освен само титула и бирократски процеси, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Идејата е од ситуација „сѐ или ништо“ чекалната на ЕУ да […]

Адеми: Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ


 Со францускиот предлог е предвидено дека македонскиот јазик е заштитен сега и засекогаш. Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ, истакна на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми по  координација посветена на Информацијата за Предлог-преговарачката рамка. – Како лажна вест велат дека нема да почнеме, нема да […]

ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на седница со транспаренти – „Не за бугаризација“


На денешната седница на Град Скопје, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, станаа од своите места и пред говорница подигнаа транспарент на кој пишуваше „Не за бугаризација“. При отворање претрес по една од точките од дневниот ред, советничката Андоновска се јави за збор, но место да дебатира, таа на претседателот на Советот, Трајко Славевски му даде […]

Фрлачот на молотов коктел го издал налогодавачот


Министерството за внатрешни работи го идетификуваше лицето кое наредило фрлање молотов коктел, потврди министерот Оливер Спасовски во гостување во летното издание на емисијата „Click Plus“ на ТВ21. Спасовски вели дека лицето ќе одговара без разлика на која политичка партија и да припаѓа. „Да, истото тоа лице го откри налогодавачот, го идентификувавме и веќе МВР постапува […]

Мицкоски го поддржува Отворен Балкан, а е против францускиот предлог


 Францускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција […]

Шолц: Ја сакаме Македонија во ЕУ, заедно ќе ги совладаме пречките


  Ние сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Сакам да бидам сосема искрен со вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите […]

За ВМРО-ДПМНЕ казнувањето за блокирање патишта е „спротивно на Устав“


Амнестијата на насилниците од обидот за државен удар на 27 април ги покажува последиците и на актуелните протести, каде што се стигна и до фрлање молотови коктели, а сите веруваат дека за таквите дела нема да одговараат, вклучувајќи ги и организаторите од ВМРО-ДПМНЕ  и Левица, кои инаку тврдат дека не се тоа. Според реакциите на […]

СДСМ го обвини Ковачки дека ги организирал насилните протести со поранешни припадници на АРМ


СДСМ ги обвини лидерите на ВМРО-ДПМНЕ  и на Левица дека се организатори на насилните антиевропски протести со прашање зошто се кријат кога сите знаат дека стојат зад нив.    -Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ […]

Во Собранието координација за францускиот предлог, ќе се знае кога ќе биде пленарната седница


На редовната координација во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година. […]

Пендаровски за „Етнос.гр“: Мали се шансите некој политички субјект да има двотретинско мнозинство за уставните промени


Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за информативниот […]

Генчовска го поканила Османи на состанок во Банско, тој не прифатил


  Во екот на големите протести во Македонија против францускиот предлог бугарското министерство за надворешни работи во петокот упатило покана до нашето МНР да се одржи средба на Мешовитата меѓувладина комисија нудејќи три датуми – 9, 10 или 11 јули. Местото на средбата требало да биде познатиот туристички центар Банско во Пиринска Македонија. Според соопштението […]

Извори од ЕУ: Обидот да се смени преговарачката рамка носи голем ризик


  Извори од Европската унија не гледаат можност да се менува преговарачката рамка за Македонија, како што инсистира опозицијата, бидејќи сметаат дека постои ризик ако се отвори повторно тој процес, тоа што можеби ќе го добиеме потоа како предлог да биде полошо од ова што циркулира во пакетот договорен сега од француското претседателство. Според овие […]

САД и ЕУ во еден глас: Одлуката на македонското Собрание е важна за да се оди напред


  Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат […]

Софија била задоволна со првиот француски предлог, но несреќна околу македонскиот јазик


  Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно што во преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата, пишува Дојче веле за извештајот што го подготвила шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и кој требаше да го чита пред бугарските пратеници. Тој […]

Апасиев вели – има алтернативи за ЕУ. СДСМ и ДУИ веднаш го осудија


  Еден од организаторите на протестите околу францускиот предлог за кревање на бугарското вето, Димитар Апасиев, лидерот на Левица, вели дека Македонија треба да го промени курсот во надворешната политика и ЕУ да не биде главната цел. Во разговорот за Гласот на Америка Апасиев изјави дека Македонија требало да го фати „курсот на новиот светски […]

Пендаровски: Во ЕУ им е срам што чекаме 17 години заради небулозни образложенија


Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека на европските претставници им е срам затоа што Македонија го сменила името на државата, а Европската Унија не испорачала. „Нив им е срам што државата која го промени своето име единствена во светот се уште не може да почне, не […]