Ковачевски на средба со лидерите од Партијата на европските социјалисти


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во рамки на работната посета на Прага, Чешка, учествуваше на самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) заедно со премиерите од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии. На средбата меѓу другите, учествуваа и Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, […]

Македонија и Украина ја олеснуваат слободната трговија и обезбедувањето храна


  Трговијата меѓу Македонија и Украина во иднина ќе биде олеснета, откако денеска во Прага беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија. Целта е да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји, соопштија од Владата. Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и […]

Бугарија и Северна Македонија – и со новата влада со стариот однос


Изборните резултати од четвртите предвремени парламентарни избори што се одржаа на 2 октомври, не водат кон формирање стабилна влада во Бугарија, туку по се изгледа се вовед во нови избори, сигурна е само доминацијата на претседателот Румен Радев кој при такво сценарио би го именувал новиот службен владин кабинет. Ова е оценката на политичките аналитичари […]

Земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси


Во Европскиот парламент во Стразбур ппродолжува со работа 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), кој првпат се одржува откако Северна Македонија  ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.  Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека почна нова фаза […]

Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага


Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала денеска во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на ЕУ, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција […]

Одлуките во ЕУ за справување со енергетската криза го вклучуваат и Западен Балкан, вели евроамбасадорот Гир


  Какви било одлуки коишто се носат во рамките на ЕУ, какви било мерки коишто се преземаат со цел справување со енергетската криза секогаш во нив е вклучен регионот на Западен Балкан, затоа што во овој момент и ЕУ и Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во […]

Комисиска расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески


 Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Претседателката на Комисија, Марија Георгиевска по неколку часа работа даде пауза. И на денешната седница, пратениците од опозициската […]

Формирано советодавното тело за контроверзни историски имиња


Во Владата се  одржа првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.    За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од […]

Лирман: Индустријализирана Германија ќе биде 100 отсто со зелена енергија, зошто да не може Македонија


  Државната министерка за Европа и за климатски промени, Ана Лирман,  престојува во Македонија за да ја поттурне зелената агенда во време кога цените на гасот, на јагленот и на струјата експлодираат и Македонија на сите страни бара помош за енергетската криза. Таа во кратко интервју за „Независен“ порача дека треба да се обезбеди правилна […]

Седница на владиниот Економски совет


Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат […]

Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Стразбур


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска е во дводневна работна посета на Стразбур, по повод одржувањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Вицепремиерот Маричиќ во Европскиот парламент ќе има свое обраќање по точката: „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна […]

Што да очекува Македонија од самитот на Макрон во Прага?


В четврток во Прага ќе се одржи првиот самит на лидерите на Европската политичка заедница – политичка креација на францускиот претседател Емануел Макрон која треба да отвори нов формат за соработка на ЕУ со земјите кои се на иста линија околу воената интервенција на Русија во Украина. Најавено е учество на 44 лидери, од кои […]

СДСМ и ЛДП против широка коалиција, во ДУИ најавен отчет за сработеното пред ново претседателство


Владејачките СДСМ и ЛДП се против формирање широка влада во која би влегле и опозициските партии, предлог што го изнесе пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој исто така е дел од владејачкото мнозинство. Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вчера изјави дека нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада, бидејќи оваа […]

Нема потреба од широка коалиција и експертска влада, вели Ковачевски


Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада, бидејќи оваа Влада има политички легимитет и капацитет, и политички, и економски, од секој аспект да се справи со овие предизвици коишто се пред нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДС Павле Трајанов дека треба да се размислува за создавање широка […]

Мицкоски изложил „позиции“, Ковачевски ги сослушал, драмата околу средбата се издиша


  Многу врева за ништо. Или за малку. Пет-шест дена траеше медиумската драма околу наводните контакти на лидерот на опозицијата за набавување на поевтини енергенси за тешката зима што нѐ чека, за таа денеска да заврши со општи флоскули и издишани ветувања. Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, заедно со своите тимови кои се надлежни за […]

Во ДУИ „нема оган, нема пламен“, но ќе се избира ново претседателство


По речиси шест часа во седиштето на ДУИ во Мала Речица заврши средбата на претседателот на партијата Али Ахмети со т.н. огнена група која баре партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството. […]

(Фото) Во Владата почна средбата Ковачевски – Мицкоски


Во Владата попладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. Мицкоски на доаѓање во Владата пред средбата изјави дека како партијата се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата […]

Васало: Да учествуваше во расправи како овие за бугарските културни центри, ЕУ немаше да постои


Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Џулијан Васало, изјави денес дека е срамота што има пари наменети за земјава, но поради немањето капацитет за апсорпција, не се целосно искористени. Претставувајќи ги фазите од преговарачкиот процес со ЕУ, тој рече дека помошта за земјата ќе продолжи преку ИПА 3 пакетот и дека на располагање ќе […]

Продолжи комисиската расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески


Во Собранието денеска почна продолжението на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во […]

Оставката на Милевски доставена до Собранието


 Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците. Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски. Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од […]