(Видео) Прес на Ковачевски и на Османи


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе го презентираат усвоениот План за активности во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.    

ЕУ ги повика Софија и Скопје да избегнат непотребни тензии


  Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, соопшти Европската комисија, пренесува бугарската телевизија БНТ. Брисел не ги коментира тензиите на границите за време на викендот, велејќи дека не ги коментира тековните истраги или правните постапки. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. „Во овој контекст, […]

Христијан Пендиков ќе добие од Бугарија стан и пари за живеење


  Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец, кој беше на лечење во Софија од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија. Тоа денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, […]

Чешкиот министер Липавски се надева дека ќе ги направиме уставните измени


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка.  „Важен аспект на […]

Османи ја повика Бугарија да стават крај на меѓусебните обвинувања


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи,  ја повика денес владата во Бугарија да прифати рака на помирување, односно заедно со властите во Македонија да стават крај на кругот на меѓусебни обвинувања  напуштајќи ја оваа пинг-понг дипломатија што е присутна сега.  „Имавме долго соопштение од МНР вчера во коешто ги коментиравме сите аспекти од случувањата. […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија заради попречување на европскиот пат, возврати денес СДСМ, по неколкудневните повици од опозицијата да се спречи бугаризација на чествувањето на Гоце Делчев и тврдења, наспроти тоа, дека односите со соседната земја никогаш не биле полоши од сега.   -ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на Димитар Апасиев […]

САД ја поздравија деескализацијата на реториката со Бугарија


  САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА.   На прашање од МИА дали САД сметаат дека […]

Министерот за надворешни работи на Чешка Јан Липавски во посета на Македонија


​Министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски, денес ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.    Во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конзистентната чешка поддршка на тој план, нашето претседавање со ОБСЕ во […]

Македонија не провоцирала, туку направила грешка, вели Донев


  Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели. Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се […]

Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени


Пазар со уставобранителите и осудените за 27 април со уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите со кои зборуваме, не сакаат на крај на денот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија, за да се исправи […]

Во Бугарија растат повиците за смирување на тензиите


  Во Бугарија се зголемуваат гласовите за смирување на напрегнатоста во односите со македонија, како и осуда на провокативните изјави на тамошните политичари. Утринава за тоа зборуваше поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Ќучуков, а вчера и поранешниот министер за надворешни работи, Ивајло Калфин Во разговорот за Бугарското радио Калфин рече дека ситуацијата во бугарско-македонските […]

Румен Радев се сретна со Пендиков, му честиташе што го одбранил „бугарското име“


  Бугарската држава нема да толерира насилство врз Бугарите во Македонија и врз нејзините граѓани и ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права. Ова го изјави шефот на државата Румен Радев на средбата во претседателската канцеларија со охриѓанецот Христијан Пендиков, кој денеска беше отпуштен од болница во Софија кде […]

Бугарија денеска испраќа три генератори за Македонија


  Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Македонија, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Трите генератроти Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не […]

Демерџиев бара нова средба со Спасовски


Северна Македонија треба да разбере дека патот кон Европа и добрите меѓусоседски односи минува преку дејствија, а не преку зборови, порача бугарскиот министер за внатрешни рбаоти Иван Демерџиев по случувањата на границата кога бугарски граѓани не успеаја да влезат навреме во земјата и да учествуваат на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, објави […]

Дебата на Бугарската телевизија: Нема говор на омраза, туку вистинска омраза


  Единственото нешто за кое има согласност во Софија и Скопје е дека односите меѓу Бугарија и Македонија се на најниско можно ниво и веќе не станува збор за говор на омраза, туку за вистинска омраза. Вака ги оквалификува македонско-бугарските односи поранешниот дипломат од кариера и сегашен директор на Институтот за економија и меѓународни односи, […]

Пендаровски: Роденденот на Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна


Се влошуваат односите со Бугарија,  а роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање на тензии од другата страна, изјави денес претседателот Стево Пендаровски на прес конференцијата со унгарската претседателка. Според него, Македонија сто отсто го положикла испитот и на 4 февруари покажала како треба да се одбележи голем настан. „ Ние на […]

Новак денес го поправа тоа што го расипа Орбан со Македонија


  Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, порача денес на прес-конференција во Скопје дека, и покрај епизодата со пребеганиот премиер Никола Груевски и азилот што му го даде Будимпешта, односите со Македонија успешно се развиваат, како на ниво на граѓаните така и на ниво на државите. Таа повтори дека одлуките за Груевски се надлежност на правосудните […]

Стаклото на македонскиот клуб е искршено како реакција, вели градоначалникот на Благоевград


  Сѐ уште се трага по луѓето кои го искршија стаклото на излогот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата, дента кога се одбележуваше денот на раѓањето на Гоце Делчев. БНТ јавува дека македонскиот културен клуб работи само еден час неделно, а градоначалникот на Благоевград тврди дека тоа и не е клуб. […]

Пендаровски ѝ покажа шарпланинец на унгарската претседателка


Унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, според првите информации добила на подарок шарпланинец од шефот на државата Стево Пендаровски. Но, на прес конференцијата претседателот пендаровски појасни дека не и го подарил шарпланинецот туку само и претставил специфична раса на куче од Македонија. „Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување […]