Во Собранието седница за пратенички прашања


 Собранието денеска треба да ја одржи 113. седница, на чиј дневен ред е поставувањето на пратенички прашања.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.