На Ковачевски му е јасно што сакал да каже Шолц


Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача […]

Ковачевски очекува добра соработка со новата влада во Софија


  Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави денеска во Берлин премиерот Димитар Ковачевски.  Тој рече дека очекува соработката да […]

ВМРО-ДПМНЕ вели дека Шолц бил погрешно преведен од „службите“


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска се обиде да го намали значањето на гаранцијата што ја даде германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, тврдејќи дека имало грешка во преводот. Пратеникот Драган Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор, денеска на новинарите им рече: „Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот […]

„Јас гарантирам“: Олаф Шолц тврди дека нема да има нови бугарски барања


  Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва даде убедување до македонската јавност дека на патот на пристапувањето на Македонија кон ЕУ веќе нема да има нови билатерални барања. „За тоа стојам јас, гарантирам“, рече Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во канцеларството во Берлин, притоа ставајќи ја раката кон срцето за да го зголеми […]

(Видео) Прес конференција на Ковачевски и Шолц


Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Берлин беше пречекан со највисоки државни почести и оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. По завршување на средбата, предвидена е заедничка прес-конференција, а по неа двете официјални делегации ќе имаат работна билатерална средба и вечера.

Гир се воздржа од коментар за писмото од австрискиот амбасадор


Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир се воздржа од коментар за наводите во писмото на австрискиот амбасадор за нанесена штета на австриска фирма во судски процес, и при тоа посочи дека како дипломати треба да се посветени на промовирање позитивна средина за инвестирање. -Како што реков, не сакам да коментирам за […]

Бесиан Ахмети станал промотор уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ


Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година во времето кога беше премиер Емил Димитриев. Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата […]

Етничката „екскурзија“ на Лога пред Уставен суд


За претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, упатството што го донесе министерот за правда, Кренар Лога, за впишување на графа за етничка припадност во изводите, венчаниците, умрениците и други документи коишто ги издава Управата за водење на матични книги е – неуставно. Вчера Уставниот суд реши самоволно да покрене иницијатива за оценување на законитоста на […]

Нови условувања од Бугарија не се дозволени, тврди шефот на државата


  Претседателот Стево Пендаровски ги коментира последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев, кој рече дека уставните измени се само почеток на преговорите и се наврати на старите услови од бугарска страна. Пендаровски рече дека со Радев во Подгорица остварил куса куртоазна средба. „Станува збор за рециклажа на старата бугарска приказна, не гледам дека има […]

Уставниот суд затрупан со иницијативи за Преспанскиот договор и Закон за јазиците


  Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.  – Пратениците и понатаму не избираат […]

Антикорупциска до Груби: Ова е притисок врз нас и обид за дефокусирање на јавноста


  Државната комисија за антикорупција реагира на оценките на вицепремиерот Артан Груби, искажани вчера, дека „не ги бива“ и дека нема резултати од нивната досегашна работа – како ДКСК да ја обвинува некој за корупција а не ДУИ. Во реакцијата стои: „Во право сте господине Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила […]

Пендаровски за австрискиот амбасадор: Не ни се меша во внатрешните работи, ги штити австриските бизниси


Претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи го случајот со поранешниот премиер Зоран Заев и австрискиот амбасадор Георг Вуцас истакна дека не се работи за мешање во внатрешни работи, туку легитимна обврска на секој амбасадор да ги штити интересите и на приватните бизниси на граѓаните од неговата држава, а не само на државните институции. -Го следам случајот, прочитав […]

Пендаровски: Научната јавност да не потпаѓа под притисокот на  дневната политика


  Важно е да го чуваме сознанието дека нашето постоење, јазик, уметност, култура, нашиот светоглед не постојат затоа што се верификувани од другите, туку затоа што се јадрото, самата суштина на нашите животи која ни овозможува траење низ времето и просторот, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на осмата Меѓународна научна конференција „Крсте […]

Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули


Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули  е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември, изјави вицепремиерот за ервопски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24. […]

Касами очекува и покрупни риби од ДУИ на црната листа на САД


Претседателот на Бес, Билал Касами, смета дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, треба да се најде на црната листа на САД. Тој во интервју за Еуроњус Албанија коментирајќи ја неодамна објавената црна листа на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, рече дека тој е само ситна риба и дека на списокот треба […]

Пентагон: Владеењето на правото е важно за отпорноста на Северна Македонија


Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, изјави заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски. Прашан дали верува дека корупцијата во Северна Македонија е закана за нејзината национална безбедност, Бојер истакна дека […]

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Данска


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна посета на Кралството Данска. На покана на данскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен, Маричиќ ќе учествува на конференција по повод 30-годишнината од копенхашките критериуми. Како што информира Секретаријат за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе има обраќање во втората сесија „Моменталните […]

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Германија


Премиерот Димитар Ковачевски денеска е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц. Во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија, како што е најавно, е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба […]

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено


Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше […]

Заев до австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд!


  Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана членка од неговото пошироко семејство. „Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во […]